Пораз на Далас откако го направи еден од најјаките пресврти во НБА

Далас Маверикс и Лос Анџелес Клиперс одиграа супер интересен натпревар кој од дебакл, се претвори во пеколно неизвесен благодарение на лудото враќање на Маверикс од неверојатни -31.

Далас очајно го одигра првото полувреме и во втората четвртина во еден момент губеше со резултат 55:24.

И кога сите мислеа дека тоа ќе биде убедлива победа на Клиперси, Кајри Ирвинг кој мечот го заврши со 40 поени, се разигра и почна да ја намалува високата негатива.

На 2 минути и 15 секунди до крај, со дрзок влез под кош успеа сам да измами тројца и да ја положи атрактивно за прво водство на Маверикс, на кое збесна публиката.

Но сепак спектакуларното враќање од -31 изостана поради Џејмс Харден кој беше клучен во финишот со 11 поени во последните 4 минути.

Џејмс Харден и Пол Џорџ одиграа натпревар на високо ниво и постигнаа по 33 поени, а на Кајри Ирвинг најмногу му помогна Дончиќ кој реализираше трипл-дабл со 29 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Сега серијата е 2:2, а на петтиот меч домаќини се Клиперси. 

 
29 април 2024 - 08:00