Бостон поведе со 2:0 против Далас, кој не успеа да направи брејк на стартот од финалната серија во НБА лигата.
Втората пресметка заврши 105:98 за Селтикс, резултат од кои Маверикс не успеаа да се извлечат ниту со помош на трипл даблот на Дончиќ од 32 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Импресионира податокот што Бостон имаше четворица играчи со минимум 18 поени. Холидеј 26 поени и 11 скока, Браун 21 поен и 7 асистенции, Тејтум 18 поени, 9 скока и 12 асистенции и Вајт 18 поени.
Кристапс Порцингис кој беше централна фигура на првиот натпревар, овој пат се задоволи со 12 поени и 4 скока.
Лука Дончиќ имаше 12/21 од поле, 4/9 за три, 4 украдени, но и 8 загубени топки. Кајри Ирвинг мечот го заврши со 16 поени и 6 асистенции, шутирајќи 7/18. Вашингтон постигна 18 поени и 7 скока, Гафорд 13 поени и 9 скока, а Џонс 11 поени.
Далас во поголемиот дел од натпреварот играше егал натпревар, но во завршницата од третата четвртина Бостон почна да се одлепува и прв пат стигна до двоцифрена разлика.
Третиот меч од финалната серија се игра на 13 јуни во 2:30 по полноќ во Далас.