Словенечкиот репрезентативец ќе потпише супер-максимален договор со Далас вреден 207 милиони долари, соопштува најпознатиот НБА инсајдер Едриан Воџнаровски кој дознал од агентот на Лука, Бил Дафи.
207 милиони долари е досега најголемата гарантирана сума во историјата за продолжување на договор. Дончиќ имал право да постигне таков договор откако два пати во три сезони го бираа во најдобрата симболичка екипа на НБА во последните три сезони.
Договорот меѓу Маверикс и Лука бил постигнат во понеделникот во Словенија. Управата на клубот лично дошла во Љубљана за да му предложи нов договор на Лука. Со некогашниот ас на Реал Мадрид се сретнале газдата на Далас Маверикс Марк Кјубан, специјалниот советник на франшизата Дирк Новицки, тренерот Џејсон Кид, генералниот менаџер на Мавс Нико Харисон и асистентот на генералниот менаџер, Мајкл Финли.
Naša ekipa je v centru Ljubljane ujela ekipo @dallasmavs: trener Jason Kidd, skupaj s pomočnikom športnega direktorja Michaelom Finleyjem in svetovalcem Dirkom Nowitzkim. https://t.co/fJfwWpyDu0 pic.twitter.com/AxBfIvUYc3
— N1 Slovenija (@n1slovenija) August 9, 2021
Далас официјално ќе одржи и прес-конференција денес во главниот град на Словенија на која ќе се објави продолжување на договорот со Дончиќ.
Во претходната сезона Лука во просек имаше 27,7 поени, 8 скока и 8,6 асистенции по натпревари со реализација на 47,9% од игра и 35% за три поени. Маверикс сезоната ја завршија во првата рунда од плејофот како и лани. Лука и другарите тесно беа елиминирани од ЛА Клиперс.