Смешката се случи на мечот меѓу Голден Стејс Вориорс и Далас Маверикс, но за екипата на Лука Дончиќ и не е баш за смеење работава, бидејќи во битка за плејоф загубија со 127:125.
После тајм аут, кошаркарите на Голден Стејт изведоа аут и непречени од никого постигнаа поени, кои судиите им ги признаа додека противниците стоеа на другиот кош.
Се вмеша и газдата на Далас, Марк Кубан кој ја нарече судиската одлука најлоша во историјата. Тој објасни дека неговите играчи мислеле дека тие треба да изведат и никој не им кажал дека судијата ја сменил одлуката за време на тајм аутот.
„Судиите им ја доделија топката на играчите на Далас. Тоа го објави официјалниот спикер, а потоа имаше тајм аут на кој судиите ја смениле одлуката без да кажат. Видоа дека сме позиционирани како да е наша топка, а потоа им ја дадоа топката на Вориорс. Лудо е што на крајот тие два поени беа решавачки. Ова е можеби најлошата судиска одлука во историјата“, изјави Кубан.
За спорниот момент кој се случи во третата четвртина, од Далас Маверикс поднесоа жалба.
What is going on. 😂
— Hoop Central (@TheHoopCentral) March 23, 2023
pic.twitter.com/DTgKYrR4DW
Инаку на крајот од средбата Лука Дончиќ незадоволен од судиска одлука, им гестикулираше на судиите дека се потплатени. Потег за кој тешко дека ќе помине без казна.