На 25. септември 2000 година на Олимпијадата во Сиднеј, бекот на САД Винс Картер ја помести границата во еден елемент од кошарката на највисоко ниво. Просто залепи како постер противнички играч кој беше висок 2,18 сантиметри. Името на тој кошаркар беше Фреди Вајс кој на тие игри со репрезентацијата на Франција освои сребро.
Но целиот свет не го знае како одличен кошаркар и олимписки медал, туку како човек преку кој Картер влезе во легендата.
Го нарекуваа наследник на самиот Мајкл Џордан - и не само поради тоа што и Картер учел на универзитетот Северна Каролина:
Толку голем како неприкосновениот МЈ, Винс не стана но може да биде горд на својата неверојатна кариера. Во 2000-та на пола година пред својот фамозен „dunk“, Картер победи на Ол-Стар натпреварот за најдобро забивање а тој турнир се смета за еден од најдобрите одржани некогаш во историјата на Ол-Старот. До 2007-ма година ниту една ѕвезда на НБА не забиваше ни приближно како него. А Картер имаше 8 Ол-Стар учества.
Винс брзо го доби прекарот Винсенити (производ од неговото име и англискиот збор insanity што во превод значи безумие/лудост), и стана првата права ѕвезда во историјата на младиот тим од Торонто.
Торонто денес е единствениот канадски клуб во НБА и е постојан претендент на шампионската титула во Источната конференција (редовно игра во плејофот), а во 1999/2000 првпат влегоа во плејофот благодарение на страшните Картер и Трејси Мекгрејди.
Една година подоцна Репторс веќе без Трејси Мекгрејди стигна до втората рунда на плејофот каде се судри со Филаделфија на незапирливиот Ален Ајверсон. Картер ја играше најдобрата сезона во кариерата (27,6 поени во просек по натпревар), но при резултат 3-3 во серијата до четири победи Винс ненадејно отишол на врачувањето дипломи на универзитетот - постапка за која сите го критикуваат ден денес.
(1998) Rookie Vince Carter posterizes Mutombo and then stares him down!@mrvincecarter15 🔥 pic.twitter.com/JwCYCR8IvS
— Timeless Sports (@timelesssports_) January 10, 2018
Винс некако успеал да слета во Филаделфија на седмиот меч, но го одигра под своето ниво. ’76-ерс со кош во последната секунда со звукот на сирената победија со 1 поен разлика и подоцна стигнаа до финалето на НБА, а Торонто во следните 14 години не победи ниту една рунда од плејофот.
Картер ги сруши сите можно клупски рекорди, а секоја година беше на врвот меѓу најдобрите снајпери во лигата. Винс Картер го направи Торонто практично тим со еден играч.
Но на почетокот на сезоната 2004/2005 се спречка со тренерот Сем Митчел, престана да игра на препознатливо ниво, го саботирал тренажниот процес и како резултат на тоа доби трампа во Њу Џерси. Винс ни таму не ја изгуби ѕвезденоста. Се обедини со Џејсон Кид и Ричард Џеферсон, но подалеку од втора рунда во плејофот не стигнуваа.
Vince Carter (@mrvincecarter15 ) hanging out with former teammate Jason Kidd (@RealJasonKidd ) in pregame. pic.twitter.com/KDNAGGrKRA
— James Ham (@James_HamNBCS) November 29, 2017
Во своето единствено конференциско финале, Винсенити влезе во 2011-та година како член на Орландо. Во тој момент имаше 34 години и за секој друг кошаркар ќе можеше да се каже дека е на заодот на кариерата. Но Картер практично ја играше втората младост. А ниту во Торонто не го заборавија:
Но со текот на времето, како што во НБА доаѓаа се помлади играчи, а Винс имаше проблеми со коленото, тој имаше се помалку полет и сили за магичните виткања обрач.
Картер е познат не само по бесните забивања, туку и по одличниот шут од далечина - еднаш на Мемфис му донесе важна победа со самиот звук на сирената на крајот од кош на кош:
Од Далас отиде во Мемфис, а од Мемфис во Сакраменто и насекаде го прикажа своето знаење. Во сезоната 2015/2016 го избраа за еден од најдобрите во лигата, а лани НБА му врачи признание за највлијателен ветеран.
Денес, на 41 година уште трча по НБА паркетите. На 27 декември 2017-та на мечот против Кливленд постигна 24 поени.
.@mrvincecarter15 really does do it all. 😯 (Via @SacramentoKings) pic.twitter.com/1qKZPKEIPX
— NBA on TNT (@NBAonTNT) December 21, 2017
А минаттата година, на 17 декември Винс со Сакраменто гостуваше во Торонто, местото каде пред 13 години го палеа неговиот дрес поради тоа што замина, но порано или подоцна навивачите на Репторс сфатија дека љубовта меѓу нив ќе трае вечно
Vince Carter receives a standing ovation from the crowd in Toronto!#ThisIsWhyWePlay pic.twitter.com/b6J57PubYU
— NBA (@NBA) December 17, 2017
. Го пречекаа со стоечки овации како да оди во пензија. Но во случајот со Картер никогаш не си на чисто: дали летово ќе реши да остане во НБА на уште една година? Тој вели дека уште не се наиграл кошарка. А никој нема ништо против. Среќен 41. роденден Винс Картер.