Атланта го одмораше Кајл Корвер викендов и очигледно одморот добро му дошол. Корвер против Сакраменто синоќа постигна 20 поени (6/8 за три) а целиот тим на Атланта имаше 20 погодени тројки од 36 обиди со што го срушија рекордот поставен на 17. декември 1996-та против Далас кога се уфрли тројка помалку. 20 поени запиша и Демаркус Керол, а одличен беше и Џеф Тиг со 18 поени, пет скокови и дури 13 асистенции. Руди Геј со 23 поени беше прв стрелец во Сакраменто.
„Не знаев дека погодивме толку тројки, тоа е голема бројка“, изјави Корвер после мечот на кој не настапи Перо Антиќ, кој се опоравува од повреда на скочниот зглоб.
Ако Атланта и Голден Стејт стигнаа до 50. победа сезонава, Њујорк синоќа го претрпе 50. пораз во 2014/2015. Подобар од Никси беше Денвер 106:78. Кенет Фарид водечки стрелец кај Нагетси со 19 поени и 11 скокови, а по 17 додадоа Бартон и Чендлер. Кај Никси, Русинот Алексеј Швед уфрли 19 поени.
Во дуелот на браќата Гасол, поуспешен беше Марк кој со Мемфис Гризлис го совлада Чикаго Булс 101:91. Марк Гасол беше најзаслужен за триумфот со 23 поени (10-16 од игра), а Џеф Грин постигна 19. Пау Гасол со 13 поени и 11 скокови стигна до 43. дабл-дабл сезонава. Најефикасен кај Биковите беше Снел со 21 поен, а Никола Миротиќ броеше до 18.
Битката на браќата Гасол:
Стефон Кари е сериозно решен да ја потврди номинацијата за МВП на регуларниот дел. Одличниот шутер на Голден Стејт синоќа одигра уште еден фантастичен натпревар. Во победата на Вориорси над Феникс Санс 98:80, Кари броеше до 36 поени (7-11 за два и 7-13 за три), со шест скокови и пет асистенции. Дури 25 поени Кари уфрли во вториот дел. Одлична партија пружи и Клеј Томпсон со 25 поени. Во поразениот Феникс, се истакна Ерик Бледсо со 19 поени.
НБА резултати:
Шарлот – Вашингтон 95-69
Атланта – Сакраменто 130-105
Мајами – Бостон 90-100
Чикаго – Мемфис 91-101
Милвоки – Њу Орлеанс 103-114
Денвер – Њујорк 106-78
Феникс – Голден стејт 80-98
Лос Анџелес клиперс – Минесота 89-76.
Атланта – Сакраменто 130-105
Мајами – Бостон 90-100
Чикаго – Мемфис 91-101
Милвоки – Њу Орлеанс 103-114
Денвер – Њујорк 106-78
Феникс – Голден стејт 80-98
Лос Анџелес клиперс – Минесота 89-76.