Драма на три натпревари, Атланта загуби од Мемфис

Само два поени за Перо Антиќ во поразот на Атланта од Мемфис Грзилис 94:88. Во саботата му дадоа 124 поени на Голден Стејт, а синоќа Хокси беа задржани на само 88 поени. Дури три натпревари се решаваа во последните секунди.

Со 21 поен и 6 успешни додавања, Мајкл Кинли ги предводеше Гризлите во победата над лидерот на Истокот, а успешна вечер имаа и Марк Гасол и Зак Рендолф. Шпанецот уфрли 16 поени со 10 скокови, а Рендолф имаше пет поени помалку од Гасол и пет скокови повеќе.

Кај Атланта, единствен расположен за игра беше Џеф Тиг кој постигна 21 поен, а веднаш зад него беше Баземур со 14 погодоци. За 15 минути колку што беше на паркетот, Перо Антиќ уфрли само еден кош. После поразот, Атланта сега има учинок 14-4 против тимовите од Западот, а веќе вечерва ѝ гостува на Минесота.

Кајл Корвер во третиот период баскетот го вадеше со џогер.

Пол Гасол го заби промашувањето на Дерик Роуз на девет секунди пред крајот и му донесе победа на Чикаго Булс против Орландо 98:97. Тоа беше и круна на одличната партија на Гасол, во која имаше 25 поени и 15 скокови. Најефикасен кај Булси беше Батлер со 27 поени, 5 асистенции и 6 украдени топки. Жоаким Ноа имаше 18 поени и 19 скокови. Виктор Оладипо запиша 18 поени за Орландо.

Решавачките поени на Пол Гасол во претпоследниот напад од мечот:

Најнеизвесно синоќа беше во Шарлот, каде Хил со кош на четири секунди пред крајот ја замолкна домашната публика, 103:102. Хил со „флоутер" ѝ обезбеди победа на Индијана, а на крајот имаше 11 поени, а најефикасен беше Вотсон со 22 поени. По 15 поени уфрлија Стаки, Скола и Вест, а Скола запиша дури 14 скокови.

Кај Хорнетси, Ал Џеферсон беше одличен со 30 поени и 13 скокови, а Робертс уфрли 19.

Одлучувачките поени на Хил под кош за победа:

Драматичен финиш имаше и во „Слип трејн Арената" во Сакраменто, каде ДеМаркус Казинс со звукот на сирената, после финтирање, со голема среќа погоди за триумф на домаќинот против Феникс Санс 85:83.

На крајот, Казинс се запиша со 28 поени и 13 скокови, а имаше поддршка од Меклемур со 13 погодоци и Сешнс со 10. Ајзеа Томас со 26 поени беше единствен расположен за игра кај Сонцата.

Топката се вртеше по обрачот и на крајот влезе:

Торонто ја искористи слабата форма на актуелниот шампион Сан Антонио и го победи 87:82. Спарси одиграа слабо во нападот, за што доказ е податокот дека најефикасен беше Тим Данкан со само 12 поени. Џо Џонсон кај Репторси уфрли 20 поени, а Дерозан 18.

Патрик Патерсон го посрамоти Кавај Ленард во обидот да забие:

По којзнае кој пат сезонава, Џејмс Харден одигра фантастичен натпревар и постигна 45 поени, 9 скокови и 8 асистенции. Сепак и тоа не беше доволно Хјустон да го избегне поразот од Портланд Трејл Блејзерс 109:98. Џош Смит уфрли 16, а Литванецот Моциеунас 10 поени. Нов триумф на Портланд му донесоа Ламаркус Олдриџ со 24 поени и 5 скокови и Дамјан Лилард со 23 погодоци, 5 скокови и 5 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Оклахома – ЛА Клиперс 131-108
Кливленд – ЛА Лејкерс 120-105
Шарлот – Индијана 102-103
Детроит – Минесота 83-85
Мемфис – Атланта 94-88
Орландо – Чикаго 97-98
Хјустон – Портланд 98-109