Трилерот продолжува, Атланта израмни на 2-2 против Вашингтон

Двата најдобри тима од регуларниот дел во НБА лигата се разбудија после поразите и славеа на гостински терен против Мемфис односно Вашингтон.

ВАШИНГТОН ВИЗАРДС - АТЛАНТА ХОКС 101:106 (2-2)

Во американската престолнина, Атланта Хокс го возврати ударот и ги совлада Визардс 101:106. Џеф Тиг беше најефикасен во победничкиот состав со 26 поени. Одлична партија имаа и Пол Милсап со 19 поени и Ал Хорфорд со 18 поени со 10 скокови. Перо Антиќ за 15 минути на теренот постигна 7 поени со 2 скока и една асистенција. Лоша вест по Јастребите е повредата на Демар Керол.

Вашингтон играше без својот најдобар играч, Џон Вол кој отсуствуваше поради повреда па на Визардси им беше тешко против тројцата Ол-Стар играчи на Атланта. Резултатот во серијата сега е 2-2 а следнот меч се игра во среда кон четврток после полноќ во Џорџија

Акробатскиот потег на Пол Милсап


Хајлајтс од мечот:

Забивањето на Нене преку Ал Хорфорд:

МЕМФИС ГРИЗЛИС - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС 84:101 (2-2)

Лидерот Голден Стејт го возврати ударот против Мемфис Гризлис. Во првите три дуели од серијата, Стеф Кари не постигна повеќе од 23 поени и како да се чуваше за синоќа кога речиси толку даде за едно полувреме.

Кари на крајот имаше 33 поени и Голден Стејт израмни на 2-2. Драјмонд Грин додаде 16 поени со 10 скокови, а Клеј Томпсон изброи до 15. Кај Мемфус. Рендолф и Гасол заедно искомбинираа 31 поен и 21 скок, но овој пат тоа не беше доволно да се избегне пораз. Серијата сега се следи на Пацификот.
 
Доминација на Кари со 33 поени:

Хајлајтс од мечот:
 
ТОП 5 потези на вечерта: