Вашингтон за 8 секунди даде 8 поени и ја сврте против Бруклин

Втор ден по ред во НБА имаше луда завршница на еден натпревар. Прво Дамјан Лилард на 11 секунди пред крајот додека неговиот Портланд губеше 5 поени разлика од Чикаго постигна две тројки и го имаше „гејм винерот“ на годината, а Вашингтон направи ново чудо.

Булс беа на чекор од победа на свој паркет, водеа 122:117 на пар секунди пред крајот. Имаше судиско потфрлање на топката која што заврши кај играчите на Портланд, поточно кај Лилард кој шутна од дриблинг за неверојатен финиш:

Лилард на крајот од мечот имаше 44 поени од кои 8 погодени тројки и 9 асистенции.

ЛУДИЛОТО НА МЕЧОТ БРУКЛИН НЕТС - ВАШИНГТОН:

И покрај тоа што првпат играа без Џејмс Харден откако дојде во Нетс, отсутен поради повреда на бутниот мускул, Бруклин Нетс имаа голема шанса да триумфираат против Визардс.

Она што им се случи на Кевин Дурент и другарите во последните 11,8 секунди беше надреално.

Водеше Бруклин 146-141 и победата им беше пред рака, ама Бредли Бил и Расел Вестрбук не мислеа така: