Таг: портланд трејлблејзерс

Го имаме ли најлошото положување на годината во НБА и цел свет?

Портланд има водство против Минесота од 107:105. Минесота има напад за реми или победа. Одат во напад самоуверено и многу лесно ја решаваат одбраната, посебно Кајл Андерсон кој се ослободи од двајца. Потоа влегува под кош и ја остава коментаторката без зборови. 

Дрско и безобразно забивање на 19 годишник од Портланд

Запознајте го Шејдон Шарп, седми пик на драфтот избран минатото лето, роден 2003-та. Страшен потег дете. Шон Кемп вака ги забиваше.

Во обид да израмни со тројка, Портланд го изрежира најлошиот финиш на сезоната

Имаа 22 секунди за да ја стигнат негативата против Орландо од 109:106, што е повеќе од доволно во кошарката. Ама кога ќе тргне со бунар акцијата, нема враќање назад.

Луда завршница меѓу Денвер и Портланд со Јокиќ и другарите

Кошаркарите на Денвер и Портланд приредија игра на нерви во последните 3 минути во кои водството се смени дури осум пати и паднаа четири тројки. Драмата ја реши Џамал Мареј со тројка во последната секунда и постигна вкупно 21 поен, а Никола Јокиќ имаше ново блескаво издание со 33 поени, 10 скока и 9 асистенции. Нагетски победија 121:120.

Забивање кое ги стаписа Леброн и НБА публиката

Во вторникот јунак на вечерта беше Грег Браун, 19-годишниот нов кошаркар на Портланд кој го избрал како 43. пик на драфтот. Пред една недела го потпишал својот прв професионален договор, а сега покажа зошто го бирале.

Денвер Нагетс оди понатаму, Јокиќ со нови рекорди блесна во Портланд

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Портланд Трејлблејзерс со 126:115 и со вкупен резултат 4:2 одат во следната рунда од плејофот.

Кошаркарскиот ум на Никола Јокиќ во едно додавање

На мечот меѓу Денвер Нагетс и Портланд Трејлблејзерс кои играа дури 2 продолженија и меч на кој Дамјан Лилард одигра џордановски со страшни 55 поени и тројка за продолжение, Никола Јокиќ имаше еден луд пас преку цела противничка одбрана до Мајкл Портер јуниор кој уфрли тројка.

Јокиќ луд, Лилард полуд: Денвер води 3-2 во плејофот, Лејкерс пред елиминација

Најлуд меч во досегашниот тек од НБА плејофот одиграа синоќа Денвер Нагетс и Портланд Трејлбејлзерс. Нагетси славеа дури после две продолженија 147-140 и сега водат 3-2 во серијата.

Јокиќ го скроти Портланд во плејофот со врвна партија, Дејвис го носи Лејкерс

Синоќа во НБА се одиграа три меча од плејофот. Победи славеа Милвоки Бакс кој е на чекор да го „измете“ Мајами Хит, Лејкерс и Денвер Нагетс.

Нова блескава партија на Никола Јокиќ во плејофот

Најдобриот кошаркар во НБА сезонава според многу статистички параметри, синоќа блесна во дуелот со Портланд Трејблејзерс и на Денвер му донесе 1-1 во плејоф серијата. Српскиот репрезентативец не знае за доста.

Цепелин на вечерта во НБА

Бруклин Нетс без отсутните Ирвинг и Дурент, продолжува да меле во НБА. Синоќа го совладаа Портланд 116-112 ама шоуто го украде Дерик Џонс Џр. од Трејблејзерс.

Вашингтон за 8 секунди даде 8 поени и ја сврте против Бруклин

Втор ден по ред во НБА имаше луда завршница на еден натпревар. Прво Дамјан Лилард на 11 секунди пред крајот додека неговиот Портланд губеше 5 поени разлика од Чикаго постигна две тројки и го имаше „гејм винерот“ на годината, а Вашингтон направи ново чудо.

Како Босанец стана НБА ѕвезда благодарение на тоа што татко му истепал 14 хулигани

Кошаркарскиот пат на Јусуф Нуркиќ е толку фасцинантен што ако еден ден се појави филм на темата, големи се шансите да конкурира за сериозни награди по фестивалите. Преубава приказна.

И така, решиле да играат икс-нула на полувреме во НБА

За време на паузата од мечот Портланд Трејлблејзерс - Шарлот во НБА, домаќините приредија забава за публиката а две девојки беа како муви без глави.

Кари изброи 276 тројки, Мајами се оддалечува од плеј оф

Кандидатот за МВП на сезоната пред две сезони погоди 272 тројки, а синоќа против Портланд погоди осум и постигна нов НБА рекорд по број на три поени во една сезона. На вториот меч Чикаго му го нанесе на Мајами 44. пораз оваа сезона, каде најдобар беше Пол Гасол со дабл дабл учинок. 

Брук Лопез подобар од братот близнак Робин

Кошаркарот на Нетс синоќа воопшто не му правеше муабет на брат му кој игра за Портланд Трејл Блејзерс, но затоа уфрли 32 поени и беше најефикасен во победата на Бруклин.

Чикаго ја доби драмата, Вестбрук повторно над 40

Во најдобрата светска кошаркарска лига синоќа се одиграа два натпревари. Чикаго ја совлада Оклахома 108:105, во дуел во кој трагичар беше најдобриот играч на Ол Старот во февруари.

Пол Пирс во одбрано друштво

Во поразот на Вашингтон од Портланд 103:96, Пол Пирс стана четвртиот играч во историјата на НБА со 2000. уфрлени тројки, заедно со Реј Ален, Реџи Милер и Џејсон Тери.

Импресивната Атланта го покори и Портланд

Со деветтиот триумф на последните 10 средби, кошаркарите на Атланта Хокс имаат фантастичен скор од 25 победи и 8 порази. Лидерската позиција во источната конференција ја имаат во овој период за прв пат по 1997 година.

Одличен финиш на годината за Перо и Атланта

Јастребите ја остварија и 24. победа сезонава, откако доцна синоќа по втор пат годинава го совладаа Кливленд, 109:101. Кавалерс играа без Леброн Џејмс, додека Антиќ одново беше стартер и одигра 23 минути.

Битката на бековите

Натпреварот беше меѓу Портланд и Оклахома, судирот беше меѓу Дамјан Лилард (Портланд) и Расел Бестбрук (Оклахома). Првиот вечерта имаше 40 поени и 11 асистенции, вториот 40 поени и 10 асистенции. Портланд победи во продолженија со 115:111.

Лејкерс можат без Коби, Атланта реди победи

Атланта Хокс победи и на 14-от на последните 15 натпревари, откако вечерва го добија ЛА Клиперс без Антиќ кој не влегуваше во игра. Кливленд славеше над Минесота, а Демијан Лилард блескаше во победата на Портланд над Оклахома после продолженија. Дивац погоди од пола терен и заработи 90.000 долари.

Портланд врза 9 победи по ред, Торонто 6

Филаделфија игра најлоша НБА сезона во клупската историја, откако синоќа 76'-ките поразени излегоа и на 15. натпревар по ред. Спарси славеа и без тренерот Грег Поповиќ, кој побара медицинска помош.

Атланта продолжи да губи и без Антиќ

Петти пораз на Атланта Хокс во серија. Овој пат „јастребите" загубија на домашен терен од Портланд и без услугите на повредениот Антиќ.