Импресивната Атланта го покори и Портланд

Со деветтиот триумф на последните 10 средби, кошаркарите на Атланта Хокс имаат фантастичен скор од 25 победи и 8 порази. Лидерската позиција во источната конференција ја имаат во овој период за прв пат по 1997 година.

Тимската игра е главниот адут на „Јастребите“ кои успеаа на победничкото мени да го смелат и тимот со најмногу победи на Западот. Петмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Пол Милсап со 27 поени, Џеф Тагуе постигна 22, а меѓу нив беше и Перо Антиќ кој партиципираше со 10 коша на триумфот од 115:107. Атланта од поле погоди 63 поени, а Портланд 38. Во еден момент од натпреварот имаа предност и од 20 коша разлика.

Победничкиот трипл-дабл на Крис Пол за триумф на ЛА Клиперски против Филаделфија 127:91.

Цепелинот на Сиксерси

Шабаз Мухамад vs Руди Гоберт

Топ 10 потези

РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Шарлот 90:98
Атланта - Портланд 115:107
Чикаго - Бостон 109:104
Хјустон - Мајами 115:79
Минесота - Јута 89:101
Сан Антонио - Вашингтон 101:92
Денвер - Мемфис 127:91
Лос Анџелес Клиперс – Филаделфија 106:109

4 јануари 2015 - 11:10