Нова блескава партија на Никола Јокиќ во плејофот

Најдобриот кошаркар во НБА сезонава според многу статистички параметри, синоќа блесна во дуелот со Портланд Трејблејзерс и на Денвер му донесе 1-1 во плејоф серијата. Српскиот репрезентативец не знае за доста.

Никола Јокиќ постигна 38 поени и скоро сам да ги водеше Нагетси до исклучително важен триумф. Јокиќ уфрли 15 од 20 обиди од поле со 2/4 за три поени и 6/6 од слободни фрлања. Имаше и 5 асистенции и 8 скока.

Добра поддршка Србинот имаше и од Мајкл Потер-џуниор кој додаде 18 поени а во Денвер уште четворица кошаркар подвлекоа црта над двоцифрен број поени.

Кај Трејлблејзерс неверојатниот Дамјан Лилард уфрли 42 поени од кои дури 9 тројки! Имаше и 10 асистенции но тоа не стигна за високи 2-0 за Портланд. Покрај Лилард одлични беа уште и Си-Џеј Мекалум кој запиша 21 поен и Норман Пауер со 15 поени. Јуркиќ брзо отиде на туширање поради проблем со лични грешки.

Следниот двомеч оди во Портланд. На првиот дуел Трејблејзерс направија брејк па сега со 1-1 на домашен паркет ќе се обидат да го урнат фаворитот Денвер.

Милвоки веќе има 2-0 на стартот и тоа благодарение на Јанис Антетокумпо кој синоќа броеше до 31 поен и 13 скока со 6 асисенции и 3 блокади. Кај Мајами кој има убедлива негатива и кој тешко ќе се врати, Двејн Дедмон уфрли 19 а Горан Драгиќ 18 поени.

25 мај 2021 - 09:20