Брук Лопез подобар од братот близнак Робин

Кошаркарот на Нетс синоќа воопшто не му правеше муабет на брат му кој игра за Портланд Трејл Блејзерс, но затоа уфрли 32 поени и беше најефикасен во победата на Бруклин.

Натпреварот Бруклин - Портланд требаше да се одигра на 26. јануари, но беше одложен поради невремето во САД. Трејл Блејзерси синоќа играа без ЛаМаркус Олдриџ и останатите првотимци и тоа ги чинеше пораз 106:96.

Со овој триумф, Нетси во моментов се седми на Истокот со учинок 36 победи и 41 пораз. Најзаслужен за новото славје беше Брук Лопез со 32 поени и 9 скокови. Покрај него, одличен беше и Дерон Вилијамс со 24 поени, 6 скокови и 10 асистенции. Јанг уфрли 20, а Хрватот Бојан Богдановиќ 15 поени и 5 скокови.

Блејзерси играа без Олдриџ, Батум и Каман, така што не им вредеше ниту фантастичната партија на Демијан Лилард - 36 поени и 4 скокови. Следен противник на Бруклин е Атланта Хокс на Перо Антиќ, состав кој 6 пати по ред ги победува Нетс.

Робин го залепи братот близнак од Бруклин:

Хајлајтс од мечот:

 

7 април 2015 - 09:29