Портланд врза 9 победи по ред, Торонто 6

Филаделфија игра најлоша НБА сезона во клупската историја, откако синоќа 76'-ките поразени излегоа и на 15. натпревар по ред. Спарси славеа и без тренерот Грег Поповиќ, кој побара медицинска помош.



Хокси загубија 126:115
на домашен терен против Торонто, а како и на претходните 4 дуели, Антиќ одигра просечни 17 минути, даде 5 коша, имаше 3 скока и 1 асистенција. ДеРозан го предводеше Торонто до триумфот со 27 постигнати поени.

Бананата на Патерсон врз Макс од Атланта.

По дуелот со Шарлот Хорнетс, Весли Метјус изјави дека кога влегувал во Арената зборувал како неговиот шут ќе го реши натпреварот.

Тоа и се оствари, а Метјус постигна најмногу поени сезонава 28, со што Портланд Трејл Блејзерс го победи тимот во сопственост на Мајкл Џордан, 105:97. На тој начин Блејзерси стигнаа до 9-та победа по ред сезонава, иако во еден момент губеа со 23 поени разлика.

Леброн Џејмс со 29 поени и дабл-дабл учинок го водеше Кливленд до победа над Вашингтон 113:87. Кавалерс така победија и на шестиот натпревар сезонава, а во следното коло играат против Индијана во недела.

Забивањето на „Кралот“ во третиот период.

Откако регуларниот тек заврши Далас после продолженија го доби Њујорук 109:102. Најзаслужен за триумфот на Маверикс, како по обичај беше Дирк Новицки кој уфрли 30 коша.

Германецот доминираше преку Џејсон Смит.

Сан Антонио реди победи, а синоќа без тренерот Грег Поповиќ ја забележа 5. победа по ред, против Индијана 106:100. Ману Џинобили уфрли 28 коша, од кои дури 21 во првото полувреме. Тони Паркер и Кавај Леонард имаа по 21 поен, а вториов оствари и 13 скокови.

Филаделфија стана рекордер по најмногу загубени натпревари на старт на НБА сезона, откако синоќа поразени излегоа и на 19. натпревар по ред. Подобар од 76'-ките беше Бруклин 91:99. Претходниот негативен рекорд го држеше Њу Џерси во сезоната 2010-2011 со 18 порази по ред. Тогаш Брук Лопес играше за Нетси, а токму тој синоќа на Филаделфија ѝ даде 18 коша.

Хјустон го победи Сакраменто 102:89, Џејмс Харден со 26 поени и две одлични игри во одбрана.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Портланд 97-105
Кливленд – Вашингтон 113-87
Орландо – Голден Стејт 96-111
Филаделфија – Бруклин 91-99
Атланта – Торонто 115-126
Далас – Њујорк 109-102 (после пр.)
Детроит – ЛА Клиперс 98-104
Хјустон – Сакраменто 102-89
Минесота – Милвоки 86-103
Оклахома – Јута 97-82
Сан Антонио – Индијана 106-100
Феникс – Денвер 120-112
ЛА Лејкерс – Мемфис 93-99

27 ноември 2014 - 10:41