Денвер Нагетс одново ја воодушеви кошаркарската јавност зошто без неколку клучни играчи продолжи да победува и игра одлично. Никола Јокиќ синоќа одново беше играч број 1 во својот тим откако постигна 36 поени (13/22 од игра, 2 тројки, 8/8 од слободни фрлања) со 8 скока и 6 асистенции.
Но не беше сè така лесно за Денвер и Портланд можеше многу лесно да го добие мечот затоа што во третиот период Трејлблејзерс имаа дури 14+ поени разлика.
Но Денвер благодарение на Јокиќ на 6 минути пред крајот направи пресврт и на крајот заслужено триумфираше. Покрај Србинот, очекувано најефикасен беше уште и Мајкл Портер Јуниор со 26 поени (6/12 за три), Монте Морис влезе од клупа и уфрли 22 а Ерон Гордон 13.
Nikola Jokic is the first Nuggets player with 5 30-point games in a single playoff series.
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) June 4, 2021
It's his 13th playoff game with 30 points, breaking a tie with Carmelo Anthony for second-most in Nuggets NBA playoff history. Only Alex English (18) has more. pic.twitter.com/DBKilh859g
...and one more thing. for those few out there who still argue "MVP should include the playoffs", Jokic just went 50/40/90 that series and would get even more first place votes now than he already did. enough.
— Rob Perez (@WorldWideWob) June 4, 2021
Кај Портланд Демјан Лилард овојпат не одигра нов „џордановски“ меч како прошлиот кога уфрли страшни 55 поени, туку постигна 28 со слаб шут од игра (8/20). Си-Џеј Мекалум уфрли 21, а Ник Пауел 17.