Таг: нба плејоф 2021

После 28 години Феникс е во финале на НБА, првпат од времето на Чарлс Баркли

Феникс Санс го урна фаворитот Лос Анџелес Клиперс (130:103) и со вкупен резултат 4:2 се пласираа во големото НБА финале. Во шестиот, се испостави решавачки меч од финалето на Западот, Крис Пол издоминира како и во целата серија.

Никола Јокиќ искрено за тоа што помислил на првиот тренинг во НБА

Никола е роден на 19 февруари 1995 година во Сомбор. Има 26 години. Почнува да тренира во Војводина од Нови Сад, па после во Мега. На 20 години од Мега Баскет преку НБА драфтот оди во Денвер Нагетс. И во една прилика раскажа што помислил кога излегол на паркет на првиот тренинг.

Никола Јокиќ е МВП!

За најдобар кошаркар на регуларниот дел од сезоната во НБА е избран центарот на Денвер Нагетс кој заслужено ја добива наградата во силна конкуренција со Стеф Кари и Жоел Ембид.

Потегот на Дурент на кој се зачуди и Леброн

Бруклин Нетс станува машинерија многу побрзо отколку што се очекуваше. Собир на страшни ѕвезди за кој многу луѓе сметаа дека ќе треба време да се воиграат. Ама во плејофот растураат како од шала. Против Милвоки Бакс во конференциско полуфинале водат со 2-0 откако синоќа прегазија 125-86.

Лука Дончиќ се враќа да ја носи Словенија на Олимпијада: „Нема одмор за мене“

Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата добил фантастична понуда за нов договор за да остане во Маверикс во следните неколку години, а во меѓувреме се враќа во Словенија.

Денвер Нагетс оди понатаму, Јокиќ со нови рекорди блесна во Портланд

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Портланд Трејлблејзерс со 126:115 и со вкупен резултат 4:2 одат во следната рунда од плејофот.

Леброн Џејмс првпат во кариера испадна во 1 коло на плејоф, Феникс го сруши шампионот

Со феноменална партија на неверојатниот Девин Букер кој ги распали мрежичките во „Стејплс Центар“, Феникс Санс заслужено го победи Лејкерс и со 4-2 оди во следна рунда.

Нова фантазија од Лука Дончиќ, постигна 42 поени за нов триумф!

Кошаркарите на Далас Маверикс по трет пат во плејоф серијата го победија фаворитот ЛА Клиперс, овојпат со резултат 105:100 и сега водат 3:2 во 1. коло.

Кошаркарскиот ум на Никола Јокиќ во едно додавање

На мечот меѓу Денвер Нагетс и Портланд Трејлблејзерс кои играа дури 2 продолженија и меч на кој Дамјан Лилард одигра џордановски со страшни 55 поени и тројка за продолжение, Никола Јокиќ имаше еден луд пас преку цела противничка одбрана до Мајкл Портер јуниор кој уфрли тројка.

Јокиќ луд, Лилард полуд: Денвер води 3-2 во плејофот, Лејкерс пред елиминација

Најлуд меч во досегашниот тек од НБА плејофот одиграа синоќа Денвер Нагетс и Портланд Трејлбејлзерс. Нагетси славеа дури после две продолженија 147-140 и сега водат 3-2 во серијата.

Последици од карантин ли се што ли е? Навивачи во Америка фрлаат флаши, упаѓаат на терен

За време на четвртиот меч меѓу Визардс и Сиксерс во НБА плејофот еден гледач упадна на паркет па службите го совладаа. Ова е четврти испад на навивач во плејофот а слично е и во НФЛ.

Луда партија на Дончиќ, немаше поддршка па Далас изгуби

Лука Дончиќ одигра нов блескав меч во НБА плејофот каде формата му е во уште понагорна форма од она што го прикажуваше во регуларниот дел. Репрезентативецот на Словенија на мечот кој неговиот Далас го изгуби од ЛА Клиперс 118:108, постигна 44 поени со 9 скока и 9 асистенции. Имаше 7 тројки од 13 обиди.

Јокиќ го скроти Портланд во плејофот со врвна партија, Дејвис го носи Лејкерс

Синоќа во НБА се одиграа три меча од плејофот. Победи славеа Милвоки Бакс кој е на чекор да го „измете“ Мајами Хит, Лејкерс и Денвер Нагетс.

Клучната тројка на Леброн за печат на триумфот

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс со 109-102 го совладаа Феникс Санс на гости во вториот меч од плејоф серијата и израмнија на 1-1. 36-годишниот Леброн имаше 23 поени, 4 скока, 9 асистенции и 2 украдени топки. Во последната минута постигна злато вредна тројка за 100-94 со која Лејкерс се одлепија и дефинитивно пред крајот.

Суперѕвездениот Бруклин сака револуција - да освои НБА титула без одбрана

Во само пар месеци Бруклин Нетс состави екипа од толку многу суперѕвезди каква што можеби никогаш немало во НБА. На хартија се најсилни од сите, но што може да очекуваме во плејофот?