Ниту еден стручен коментатор во НБА пред стартот на доигрувањето не можеше да се клади дека Далас ќе добие 3 партии против Клиперс и ќе го стави во небрано.
Одново јунак на Мавс беше невозможниот Лука Дончиќ кој го носи својот тим на прагот од 2. коло во плејофот.
Дончиќ постигна 42 поени со 14 асистенции и 8 скока за 42 минути на паркетот.
Luka Doncic doing tonight what LeBron couldn’t do last night.
— Barstool Sports (@barstoolsports) June 3, 2021
40 points through 3 quarters on the road with series tied 2-2. pic.twitter.com/zEpPPkA1dd
🤯 42 and 14 for LUKA in Game 5 🤯@luka7doncic becomes the 2nd player in @NBAHistory with 40+ points and 14+ assists in an #NBAPlayoffs game!
— NBA (@NBA) June 3, 2021
Game 6 - Fri, 9pm/et, ESPN pic.twitter.com/jtjdnk4doS
Мечот меѓу Далас и ЛА Клиперс беше израмнет се до финишот на третиот период кога Маверикс први се одлепија резултатски. Клиперс успеа да ја намали разликата во последната фаза и стигна на само поен негатива.
Тогаш Далас со слободните фрлања на Хардавеј и Ричардсон повторно избега резултатски и оствари многу драгоцен триумф.
Хардавеј беше втор стрелец со 20 поени и 7 скока. Кај Клиперс Пол Џорџ даде 23 поени со 10 скока и 6 асистенции а Џексон и Кавај Ленард по 20. Морис 16, а Батум 10 со 7 скока. Следниот меч Далас е домаќин во сабота во 3:00 часот. Клиперс ќе играат за останок во серијата а Маверикс за изненадувачки пласман понатаму.
БЛЕСОК НА АТЛАНТА, ПОНАТАМУ ОДАТ ЈУТА И ФИЛА
Во петтиот меч од серијата кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Њујорк Никс 103:89 и одат во следната рунда од плејоф со убедливи 4-1. Таму ќе ги чека силната Филаделфија која со идентичен резултат 4-1 го збриша Вашингтон Визардс.
Лидер на Хокси за кои некогаш во плејофот играше и нашиот Перо Антиќ, беше Трае Јанг со 36 поени (10/28 и 3/11 за три поени) со 9 асистенции.
Јанг имаше поддршка и од Деандре Хантер кој постигна 15 поени (6/11), Капела 14 поени и 15 скока и Џо Колинс 13 поени. Кај поразените Никси Џулиус Рендл запиша 23 поени (8/21) и 13 скока. Потфрли легендарниот Дерик Роуз кој добро ја почна серијата но синоќа даде само 6 поени со очаен шут од игра 27,3%.
Двоцифрени кај Њујорк Никс беа Реџи Булок со 13 поени, Алек Буркс со 12 и Емануел Квикли со 11 поени.
Филаделфија на домашен терен обезбеди пласман во следна фаза откако синоќа со 129:112 го урна Вашингтон. Најдобар меч во кариерата одигра Сет Кари кој даде 30 поени што му е плејоф-рекорд на кариерата.
Бен Симонс беше исто на висина на задачата со трипл-дабл учинок од 19 поени (7/11 за два) 11 асистенции и 10 скока. Ова е трет ваков идентичен трипл-дабл на Симонс во плејоф и на вечната листа со таква статистика пред него е само Вилт Чембрлен со 8.
Тобајас Херис додаде 28 поени со 9 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки. Двоцифрен број на поени имаа уште и Тајрис Макси (14), Двајт Хауард (12) и Фуркан Коркмаз (10). Кај Вашингтон 32 поени даде Бредли Бил а Вестбрук 21 поен со 10 асистенции и 8 скока.
Во следната рунда Фила игра против Атланта Хокс.
На третиот меч вечерва, Јута одново го совлада Мемфис, 126:110 и оди понатаму во плејофот
Донован Мичел ги водеше „џезерите“ со 30 поени, 10 асистенции и 6 скока. Руди Гобер додаде 23 поени (10/13) со 15 скока а Џордан Кларксон изненади од клупа со 24 уфрлени поени.
Бојан Богдановиќ и Ројс О'Нил дадоа по 17.
Кај Мемфис залудно блеснаа Џа Морент и Дилон Брукс со по 27 поени. Морент запиша и 11 асистенции и 7 скока.