Луда партија на Дончиќ, немаше поддршка па Далас изгуби

Лука Дончиќ одигра нов блескав меч во НБА плејофот каде формата му е во уште понагорна форма од она што го прикажуваше во регуларниот дел. Репрезентативецот на Словенија на мечот кој неговиот Далас го изгуби од ЛА Клиперс 118:108, постигна 44 поени со 9 скока и 9 асистенции. Имаше 7 тројки од 13 обиди.

Откако Далас Маверикс на стартот на серијата направи огромно изненадување и среде „Стејплс Центар“ поведе со 2:0 во партии благодарение на Дончиќ, синоќа фаворитот за титулата, Лос Анџелес Клиперс намали на 2-1. Следниот меч се игра пак во Далас.

Во победничкиот состав Кавај Ленард уфрли 36 поени а Пол Џорџ 29 поени. На останатите дуели, Бостон исто како Клиперс намали на 2:1 откако го совладаа Бруклин на домашен паркет со 125:119.

Атланта си ја врати предноста против Њујорк и по триумфот од 105:94 сега има 2:1 против Никси.