Потегот на Дурент на кој се зачуди и Леброн

Бруклин Нетс станува машинерија многу побрзо отколку што се очекуваше. Собир на страшни ѕвезди за кој многу луѓе сметаа дека ќе треба време да се воиграат. Ама во плејофот растураат како од шала. Против Милвоки Бакс во конференциско полуфинале водат со 2-0 откако синоќа прегазија 125-86.

Кевин Дурент кој скоро 2 години беше далеку од паркетите поради тешка повреда и операција, сезонава игра како препороден и во плејофот е на врвно ниво. Синоќа постигна 32 поени со 6 асистенции и 4 скока.

Имаше пар потези со кои ја крена цела на нозе а и Леброн твитна воодушевено: