Јокиќ луд, Лилард полуд: Денвер води 3-2 во плејофот, Лејкерс пред елиминација

Најлуд меч во досегашниот тек од НБА плејофот одиграа синоќа Денвер Нагетс и Портланд Трејлбејлзерс. Нагетси славеа дури после две продолженија 147-140 и сега водат 3-2 во серијата.

Во директен поентерски дуел со неверојатниот Демјан Лилард, Јокиќ уфрли 38 поени, 11 скока и 9 асистенции.

Претходно Лилард со три слободни фрлања на Портланд Трејлблејзерс му донесе израмнување во регуларниот дел а потоа постигна луда тројка за второ продолжение но до крајот немаше сили да направи целосен пресврт.

Лилард постигна 55 поени со 10 асистенции. Така стана само четвртиот играч во НБА кој во плејоф имал повеќе од 50 поени и најмалку 10 асистенции. Пред него тоа го направиле Расел Вестбрук, Слипи Флојд и Џери Вест.

ФЕНИКС ПОЈАК ОД ЛЕЈКЕРС ПРЕД СКОРО ПОЛНА САЛА

Пред дури 17.000 гледачи Феникс Санс го урна Лејкерс со 115-85 и поведе со 3-2 во плејоф серијата.

Феникс го искористи домашниот паркет и пред силна поддршка од своја публика водеше во текот на целиот меч.

Девин Букер беше најзаслужен за триумфот на Феникс со 30 поени, а Пејн уфрли 16. Кај Лејкерс не играше повредениот Ентони Дејвис па Леброн даде 24 поени за 31 минута на паркетот.

Интересно Леброн никогаш во својата плејоф кариера во првото коло не губел 3-2 а никогаш и не испаднал во толку рана фаза. Сега Лејкерс ќе мода да слави две победи по ред и тоа без отсутниот нивен најдобар играч сезонава Ентони Дејвис.