Јокиќ го скроти Портланд во плејофот со врвна партија, Дејвис го носи Лејкерс

Синоќа во НБА се одиграа три меча од плејофот. Победи славеа Милвоки Бакс кој е на чекор да го „измете“ Мајами Хит, Лејкерс и Денвер Нагетс.

Главниот фаворит за престижната награда МВП во регуларниот дел на НБА, Никол Јокиќ уште еднаш блесна во плејофот. Во триумфот на неговиот Денвер Нагетс 120-115 против Портланд Трејлблејзерс, Јокиќ уфрли 36 поени со 11 скока и 5 асистенции и донесе 2-1 за својот тим во серијата до 4 победи.

Јокиќ ги даде и клучните поени за триумф на само три секунди до крејот кога се зацврсти во рекетот и по одбиена топка од промашено слободно фрлање, поентираше по 2 врвни офанзивни скока.

Покрај српскиот репрезентативец, одлична партија пружи и Остин Риверс кој уфрли 21 поен со 4 скока и 2 асистенции. Кај Портланд, нивниот лидер Дамјан Лилард запиша 37 поени и 5 асистенции, СиЏеј Мекалум 22, Норман Пауел 18 а Кармело Ентони 17.

МИЛВОКИ БАКС ВЕЌЕ МИСЛИ НА СЛЕДЕН ПРОТИВНИК, ЛЕЈКЕРС СЕ ОДЛЕПУВА

Милвоки Бакс со 113:84 уште еднаш убедливо го совладаа Мајами Хит како на претходниот меч (само првиот дуел беше неизвесен). Бакс наскоро би можеле со популарната „метла“ (жаргонски за чистење во плејоф со 4-0) да го елиминираат Мајами кој лани стигна дури до финалето.

Јанис Антетокумпо постигна 17 поени, имаше 17 скока а Крис Мидлтон додаде 22 поени, Џру Холидеј 19 со 12 асистенции. Кај Хит Џими Батлер го заврши мечот со 19 поени, Бем Адебајо со 17.

Лос Анџелес Лејкерс направија пресврт и откако губеа 1-0 во серијата сега водат 2-1 против Феникс Санс. Во својот „Стејплс Центар“ Лејкерс беа подобри од Феникс 109:95. Ентони Дејвис со 34 поени одново го однесе својот тим до важна победа. Леброн додаде 21 а Денис Шрудер 20.

Санс играат слабо без својот најдобар играч Крис Пол кој се повреди на половина од првата средба и од тогаш игра со многу помала минутажа и не е во форма. Пол синоќа даде само 7 поени и 6 асистенции за 27 минути.

ДеАндре Ејтон беше најефикасен кај Феникс со 22 поени и 11 скока а Кевин Букер додаде 19, Камерон Пејн 15 поени.