Кошаркарите на Денвер и Портланд приредија игра на нерви во последните 3 минути во кои водството се смени дури осум пати и паднаа четири тројки. Драмата ја реши Џамал Мареј со тројка во последната секунда и постигна вкупно 21 поен, а Никола Јокиќ имаше ново блескаво издание со 33 поени, 10 скока и 9 асистенции. Нагетски победија 121:120.