
По петте победи во низа, Атланта Хокс влезе во црна серија од пет порази. Овој пат Атланта не можеше да смета и на Перо Антиќ кој вчера го повреди десниот зглоб, па тренерот Баденхолцер реши да го одмори на клупата.
Кошаркарите на Портланд имаа водство во поголемиот дел од натпреварот и на крајот триумфираа со 85:100.
Најзаслужен за победата на Портланд беше Олдриџ кој уфрли 25 поени, а во редовите на Атланта се истакна Тиг со 22 поени.
Атланта сега има 31 победа и 40 порази и се наоѓа на осмото и последно место кое води во плеј-оф од источната конференција. Зад нив е Њујорк со 30 победи и 42 порази.
Во недела наутро во 1 часот по наше време, Атланта гостува кај Вашингтон.
Резултати:
Атланта - Портланд 85:100
Хјустон - Филаделфија 120:98
Милвоки - ЛА Лејкерс 108:105
Далас - ЛА Клиперс 103:109