Како Босанец стана НБА ѕвезда благодарение на тоа што татко му истепал 14 хулигани

Кошаркарскиот пат на Јусуф Нуркиќ е толку фасцинантен што ако еден ден се појави филм на темата, големи се шансите да конкурира за сериозни награди по фестивалите. Преубава приказна.

Таткото на еден од подобрите центри во НБА Јусуф Нуркиќ, Харис Нуркиќ работел како полицаец во градот Тузла, трет град по големина во Босна и Херцеговина.

По зборовите на центарот на Портланд, татко му е благо да се каже масивен гигант, висок 215 сантиметри и тежок 160 килограми.

Нуркиќ-постариот и самиот во младоста играл кошарка но никако не успевал да најде патики број 56 (нога голема колку онаа на Шекил О’Нил), па се откажал од своите кошаркарски амбиции и се надевал дека малото синче еден ден ќе ги исполни неговите неостварени желби.

Гигантот Харис Нуркиќ со малиот син Јусуф на времето

Судбината како да сакала кошарката сама да го пронајде семејството Нуркиќ и тоа на максимално необичен пат.

***

Едно утро лукавиот кошаркарски менаџер Енес Трновчевиќ пиел кафе и листал весник кога на средината наишол на приказната за полицаец кој изудирал 14 хулигани кој го нападнале.

Во ист момент менаџерот Трновчевиќ сакал да го запознае тој полицаец. Кога на крај го видел Харис во живо, сфатил дека во животот не сретнал човек со такви неверојатни размери.

Во разговор со Харис Нуркиќ, агентот Трновчевиќ пробал да го убеди да игра кошарка за некоја локална екипа, но овој одбил и рекол дека прошло времето за тоа.

(Харис Нуркиќ во салата на Денвер: обратете внимание колку е поголем од обичните луѓе крај него)

„Да не имате случајно син?“ - го прашал менаџерот полицискиот службеник. - Имам еден. Добро момче, цел на татко му. За жал, не можам да му најдам патики со негов број“, му одговорил Харис кој го разгорел интересот на агентот.

А Јусуф тогаш имал 14 години и до тој момент ниту еднаш не држел кошаркарска топка во рака.

„Да, уште од првиот ден кога ме сретна (менаџерот), цело време повторуваше дека еден ден ќе играм во НБА. А ја си мислев во себе: „Дај бе човече полека, јас не сум ни тренирал кошарка никогаш“, се сеќава Јусуф од денешна перспектива.

Самиот Јусуф Нуркиќ тврди дека на 14 години освен голем раст, тој немал ама баш никакви спортски навики ни манири. Но агентот немал намера да престане да го форсира.

Трновчевиќ го земал Нуркиќ-помладиот под свое, го однел во Словенија и таму го препорачал кај свои луѓе да му го пренесат кошаркарското образование на Јусуф.

Нуркиќ го потпишал својот прв професионален договор во 2009 година, неколку месеци откако сфатил дека му е убаво под обрачите на паркетот. Како што вели самиот, до тој момент ниту еднаш не го напуштил својот дом па дури не спиел ни на гости кај други.

А во Словенија наеднаш му претстоел живот во друга земја, друг јазик, нова култура, поинаков менталитет и начин на живот.

„Плачев баш секој ден цели шест месеци. Во прво време ми беше многу тешко. Но се привикнував. Се испостави дека тоа требало да се пројде“, вели Јусуф Нуркиќ.

Благодарение на очевите гени, тој израснал до страшни 211 сантиметри и тежина од 130 килограми.

По извесно време почнал да игра за клубот Златорог од градот Лашко (во овој клуб кариерата ја почна и легендарниот Боштјан Нахбар кој помина цели 8 сезони во НБА).

По Златорог, Јусуф Нуркиќ ја продолжи кариерата во посериозната Цедевита а потоа и во Задар на позајмица. Откако издоминира во регионалната лига и далеку се одвојуваше по квалитет од сите останати, Нуркиќ заслужено се појави на НБА драфтот во 2014 година и тоа како пик број 16.

Во првиот круг го избра Чикаго кој веднаш го трампаше во Денвер во пар со Гери Харисон во замена за Даг Мекдермот.

Се останато веќе е историја. Но таа историја немало да се случи ако татко му Харис Нуркиќ еднаш не патосирал 14 луѓе и поради не се нашол на страниците на еден мал босански весник.