Со 57 поени Кајри Ирвинг сам го победи Сан Антонио

Кливленд го совлада Сан Антонио после продолженијата 128:125, а најзаслужен за триумфот беше феноменалниот Ирвинг, кој уфрли 57 поени за личен рекорд во кариерата. За три поени, Ирвинг шутираше без промашување.

Плејот на Кавалирс против тимот од Тексас синоќа не промаши ниту еден обид за три поени а шутираше седум пати и седум пати погоди тројка.

На 30 секунди пред крајот, Тони Паркер даде тројка и домашниот Сан Антонио имаше 6 поени предност. Тогаш на сцена стапи Кајри Ирвинг, кој уфрли две тројки, од кои последната беше во последните моменти за продолжение, а подоцна и победа.

Освен неверојатниот шут за три поени, Кајри ја заврши средбата со 20 погодоци од 32 обиди за два, а имаше и пет асистенции и три скока. Стандардно добар беше и Леброн Џејмс, кој уфрли 31 поен, седум асистенции и пет скокови.

Од друга страна, најефикасен кај Спарси беше Тони Паркер со 31 поен, шест скокови и пет асистенции. Кавај Ленард и Џералд Грин запишаа по 24 коша, а Тим Данкан повторно имаше дабл-дабл учинок со 18 поени и дури 11 скокови.

Кливленд со овој триумф стигнаа до учинокот од 42 победи и 25 порази, а Сан Антонио има 41-24. Синоќешниот пораз на Сан Антонио беше прв од Кливленд после март 2013 година.

Кајри Ирвинг полуде синоќа против САС:

Вашингтон Визардс умешно го искористи отсуството на Марк Гасол, Зак Рендолф и Мајк Конли (одмораа по одлука на тренерот) и на домашен паркет го совладаа Мемфис Гризлис 107:87. Тимот од главниот град продолжува со добрите игри пред плејофот и сега има 37 поеби и 28 порази.

Џон Вол со 21 поен, седум скокови и шест асистенции (8-11 од игра) беше главен во триумфот на Вашингтон, а Марчин Гортар стигна до 22 поени и девет скокови. Кај поразените Гризли, Џеф Грин и Џарнел Стоукс имаа по 13 поени.

Резултати:

Вашингтон – Мемфис 107-87
Јута – Хјустон 109-91
Индијана – Милвоки 109-103 (по продолжение)
Сан Антонио – Кливленд 125-128 (по продолжение)
ЛА лејкерс – Њујорк 94-101.