Ал Хорфорд го чува домашниот терен, Атланта пред финале

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс и Атланта Хокс се на чекор од пласман во конференциското финале, откако синоќа повторно ги победија Мемфис Гризлис односно Вашингтон Визардс.

АТЛАНТА ХОКС - ВАШИНГТОН ВИЗАРДС 82:81 (3-2)

Во турбулентната последна четвртина, Атланта прво беше седум минути без кош, па потоа направи серија на поени, за да во финишот повторно го загуби ритамот. Кога Пол Пирс постигна тројка на осум секунди пред крајот и Вашингтон поведе, изгледаше дека ветеранот повторно ќе ѝ го земе скалпот на Атланта.
 
Но после акцијата на Денис Шредер, ничија топка фати Ал Хорфорд, уфрли лесни поени и Атланта ги победи Визардси во петтиот натпревар за водство од 3-2 во серијата.
 

Ал Хорфорд го заврши мечот со 23 поени и 11 скокови. Џеф Тиг и Пол Милсап уфрлија по 14 поени, додека Антиќ додаде 4 поени и 3 скока во важната победа на Хокс. Атланта во ноќта помеѓу петок и сабота ќе има прилика да обезбеди конференциско финале на гостувањето во Вашингтон. Бредли Бил со 23 поени и 7 скокови беше водечки стрелец кај Гризлис, кај кои повратникот Џон Вол имаше 15 поени, 7 асистенции и 4 скока, а Марсин Фортат уфрли 14 поени со 8 скока.

Клучните поени на Хорфорд за голем триумф:

Додавањето на Џон Вол зад грб:

Хајлајтс од мечот:

ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС - МЕМФИС ГРИЗЛИС 98:78

По вратениот брејк против Гризлис во Мемфис, Голден Стејт одигра уште еден одличен меч и повторно го совлада противникот, 98:78 за водство од 3-2 во серијата до четири победи.
 
Клеј Томпсон постигна 21 поен и беше најефикасен поединец на средбата. Стеф Кари броеше до 18 поени, со 7 скокови и 5 асистенции. Одлична улога одигра и резервистот Андре Игудала со 16 поени и по 3 скока и асистенции. Харисон Барнс уфрли 14 поени. Кај Мемфис, Марк Гасол постигна 18 поени со 12 скокови и 6 асистенции. Следниот меч се игра во сабота во Мемфис.
 
Најдобри моменти од средбата: