Сигурно се сеќавате на ова забивање кое за неполна година има над 5 милиони прегледи:
Квалитетите на ова 25 годишно момче интересно е што ги открил неговиот имењак и тренер Пол Старџирс во средношколските денови. Тоа всушнот и не било тешко да се забележи затоа што на 16 годишна возраст Пол веќе бил висок 213 см, висина создадена за центарската позиција каде никој нема да може да го спречи.
По завршувањето на средношколското образование тој добил стипендија за да замине во Америка, но неговите врсници покажале љубомора.
„Кога ми дадоа бесплатна школарина луѓето веднаш реагираа на ваков начин: Доби стипендија само затоа што си висок, но тоа нема да ти помогне. Секако тоа беше мотив плус за да им докажам дека грешат“, рече Пол.
Откако се калел во колеџ лигата во САД, Старџирс од минатата сезона е дел од Харлем Глоубтрoтерс, најголемата кошаркарска егзибициона екипа која има над 20 илјади настапи во 120 земји. Инаку генетски неговата висина ја наследил од неговиот татко кој е висок 206 см, но не и од останатите членови на семејството. Мајка му е висока 165 см, а сестра му 168.
Пол како највисок кошаркар во светот, повисок и од Кинезот Јао Минг, во ноември 2011 година влезе и во Гинисовата книга на рекорди. Пред да се посвети на кошаркарската кариера најмногу сакал да игра голф и фудбал, но во друштво на Глоубтрoтерс сега е вистинска ѕвезда.
„Кога настапувам и кога ќе слушнам илјадници фанови како го скандираат моето име се чуствувам фантастично. Ова е еден од моите соништа кој се оствари", вели Пол.
Тој за себе вели дека не е воошто срамежил, за разлика од другите високи момчиња кои ги познава на негова возраст. Честопати луѓето зјапаат во него и се чудат на неговата висина, но Пол е веќе навикнат на таквите ситуации и ги игнорира луѓето кои му се потсмеваат. Неговата страст е кошарката кон која е целосно посветен. Неостварената желба му е да настапи за својата земја.