Без публика и без камери, после 29 години во Пјонгјанг играа Северна и Јужна Кореа

Додека во Европа се играат квалификации за Европско 2020, во Азија веќе почнаа квалификациите за Светско 2022.

Пренос од овој квалификациски натпревар немало. А на стадионот „Ким Ил Сунг“ кој собира 50.000 гледачи не пуштиле ниту еден навивач, ниту странски новинари. Прво домаќинот размислувал да нема само јужнокорејски навивачи, ама на крај не пуштиле никого.

Еден од исклучоците бил амбасадорот на Шведска во Северна Кореја, Јоахим Бергстрем (интересно, Шведска била прва европска држава која воспоставила дипломатски односи со Северна Кореја).

Тој објавил пар видеа на својот Твитер профил, а најинтересно е она од интонирањето на химната на Јужна Кореја, првпат после којзнае колку години. Пар присутни редари, како што е редот, аплаудирале:

За овој натпревар специјално со авион дошол претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. После мечот тој изразил жал што немало гледачи:

„Со нетрпение очекував полн стадион на ваков историски натпревар, но без разочаран кога видов дека нема навивачи на трибините. Се зачудивме и од тоа што немаше директен пренос, проблеми со визите и пристап на странски новинари. За нас слободата на печатот и слободат на говор очигледно е од најголемо значење, но од друга страна, би било наивно да мислиме дека ние може да го смениме светот за една минута“.

Главен извор на информации бил делегадот на Азиската фудбалска конфедерација од Киргизија. Тој праќал информации од својот смартфон во конфедерацијата, а од таму после ги пренесувале јужно-корејските медиуми.

Мечот завршил 0:0. Двете Кореи го делат првото место во групата Х (во следната фаза оди само победникот на групата. Интересно DVD снимка од мечот Северно Корејците им дале на делегацијата од Јужна Кореја дури пре полетување од Пјонгјанг.

****

Северна и Република Кореја (така е официјалниот назив на Јужна Кореја) формално уште се во состојба на војна. Корејската војна од 1950-1953 завршила со примирје, но официјална согласност за мир меѓу земјите нема до ден денес.

Тоа не им смета од време на време да играат фудбал меѓу себе, како на пример во квалификациите за Светско 2010 кога натпреварите се одиграле на неутрален терен.

За 71 година како постојат двете држави, Северна Кореја и Јужна Кореја имаат апсолутни разни аспекти како животни така и во фудбал.

Населението на Јужна Кореја е 2 пати поголемо (51 милион наспроти 25 милиони). Јужна Кореја е 11-та економија на светот (подобра дури и од руската), а Северна е една од најсиромашните земји на светот.

Репрезентацијата на Јужна Кореја е редовен учесник на Светските првенства, во Русија лани направија сензација откако ја победија Германија, а главната ѕвезда на екипата Сон Мин, минатата сезона стигна до финалето на Лига на шампиони со Тотенхем.

Северна Кореја ретко кога се пласирала на големи турнири. Само два пати биле на Светско, но последните три пати успешно ги поминала квалификациите за Купот на Азија каде не прошла групи.

Главна ѕвезда на Северна Кореја е Хан Сон кој летово потпиша договор со Јувентус. Меѓу Јужно Корејците има многу фудбалери кои играат надвор од границите на својата земја, а меѓу Северно Корејците има само 15 играчи надвор од кои 4 во Европа.

КОНФЛИКТОТ ПОЧНАЛ ПРЕД ПОЛОВИНА ВЕК, А УЧЕСТВУВАЛЕ И СССР И САД

Се започнало по Втората светска војна. Кореја била окупирана од фашистичка Јапонија, а по капитулацијата на Јапонците, на полуостровот дошле СССР на север и САД на југ. Тие се договориле да ги стеснат Јапонците. По капитулацијата на императорската армија на Јапонија, САД и СССР како единствени значајни учесници на воените дејствија преку Тихиот Океан, ја поделиле Кореја исто како нацистичка Германија.

Но за разлика од Германија, после неколку години во Кореја избила војна - луѓето од Северот сакале на цела територија на полустровот да владее просоветски режим, а на Југот сакале да ги избркаат комунистите.

Ова била и индиректна војна меѓу СССР и САД, преку двете Кореи.

Активната војна траела околу две години, а подоцна потпишале примирје. Војната никому не донела ништо, обете страни останале при своето, а на 38-та паралела се појавила демилитаризирана зона. Погранични ситни конфликти има откако постојат двете Кореи.

КАКВИ СЕ ОДНОСИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ ДРЖАВИ СЕГА?

Во последнава година односите се нормализираа, благодарение на Олимпијадата во Пјонгчанг. Пред да почне Олимпијадата, Северна Кореја неочекувано отишла во посета кај соседот, почнале преговори за мир и им предложиле заедно, под обединето знаме да настапат на Олимпијадата. Женската хокеарска репрезентација дури и настапила во мешан состав, но подоцна се испоставило дека девојките од Северна Кореја не баш добро го разбирале американскиот тренер, ниту пак пријателките од Јужна Кореја.

Во 2018 година, веднаш после Олимпијадата, маршалот Ким бил првиот северно-корејски лидер кој се сретнал со претседателот на Јужна Кореја Мун Ин. Тогаш симболично биле и демонтирани некои погранични зони.

Во 2019 се одржа и третата средба - лидерите на двете Кореи заедно со Доналд Трамп. И тоа се во демилитаризирана зона. Ким и Мун потпишаа декларација за намалување на воените дејствија во границите и во идно обединување на Кореја.

Важно е да се напомене дека затоплувањето на односите во корејската ситуација значи едноставно отсуство на отворени вооружени провокации, повеќе отколку прогрес. За некакво реално обединување е тешко да се зборува.

Ништо не е сменето ни за обичните граѓани. Северно Корејците во принцип многу тешко може да излезат од земјата (да одат во Јужна Кореја е скоро невозможно и е голем ризик зошто после нема да можат да се вратат). На Јужно-Корејците исто не им се препорачува одење во Северна Кореја, за такво нешто им треба дозвола од нивната влада и од севернокорејската влада.

СПОРТОТ ГЛАВНА МОЖНОСТ ЗА КОМУНИКАЦИЈА

Фудбалските репрезентации одвреме навреме се среќаваат на азиските турнири и квалификации, а во 1990 година дури играле и во Пјонгјанг пријателски натпревар (во вторникот првпат во историјата играа официјален квалификациски меч во Северна Кореја).

„Дојдовме на непозната територија за нас и многу се нервиравме, но на аеродромот убаво не пречекаа“, се сеќава поранешниот фудбалер на Јужна Кореја кој тогаш дал гол, Ким Чу Сон.

Во квалификациите за Светско 2010 Корејците пак играле меѓу себе две рунди. И два пати Севернокорејците биле домаќини во Шангај на барање на ФИФА и АФК. Работата е во тоа што во тој момент Северна Кореја воопшто не ја признавала Јужна како држава и за тоа одбила за време на фудбалски натпревар во Пјонгјанг да развие знаме на соседите и да ја пушти нивната химна. Така било и во 1990-та кога се веело знаме на обединета Кореја.

Другите два натпревари се играле во Сеул и после поразот во еден од натпреварите, селекторот на Северна Кореја отишол на прес-конференција спроведен од двајца припадници на безбедносните служби. Кажал само дека пред мечот некој им ставил нешто во јадењето и не слушнал ниту едно прашање.

А во 1991-ва година, обединета репрезентација од двете Кореи играла на Светското младинско првенство во фудбал, во Португалија. Познати се и многу други примери во останатите спортови каде настапувале под едно исто знаме.