На 29 август 2021 година Манчестер Јунајтед го совлада Вулверхемптон на гости со 0-1 и покрај тоа што домаќинот имаше повеќе од шансите. Вообичаен меч од Премиер лига, но отвори дискусии поради една не баш пријатна песна.
Неколку дена после овој натпревар меѓу Вулверхемптон и Јунајтед во медиумите се појави поранешниот врвен фудбалер од Јужна Кореја, Парк Џи Сун.
Причина: пред мечот со Манчестер, луѓето од Вулвс го претставиле позајмениот новајлија Хван Хи Ча од РБ Лајпциг, ама навивачите на Манчестер од гостинскиот сектор го пречекале со една песна посветена на нивниот миленик Парк Џи Сунг кој пред една деценија беше еден од подобрите фудбалери на Јунајтед.
Но песната само по себе е навредлива за навивачите на Ливерпул но и за Корејците:
Park, Park
— Josh (@_UtdJL) October 3, 2021
Wherever you may be
You eat dogs in your home country
Could be worse
Could be Scouse
Eating rats in your council house
„Знам дека навивачите не сакаа да го навредат него лично, но должен сум да ги образувам навивачите за да прекинат да го користат тој збор (кучешко месо). Денес тоа се смета за расистичка навреда на корејскиот народ.
Јас слушав такви песни 10 години и ми е жал за помладиот јас зошто тогаш чувствував голема непријатност што го слушав тоа пеење. Исто чуствувам одговорност за младите луѓе кои се уште се подвргнати на дискриминација, Азијати или конкретно Корејци кои живеат со таков дискомфорт.
Во Јужна Кореја се е многу променето. Да, историски ние порано сме јаделе месо од куче, но денес, посебно младите поколенија тоа го презираат. Културата е изменета. Време е да се престане со тоа“.
Манчестер Јунајтед го поддржал својот некогашен фудбалер и побарал од навивачите да го почитуваат неговиот став.
Not saying it's an ideal chant, but it was always more a chant against the Scousers than it was a chant in support of Park
— Blind Pew (@BlindPew10) October 3, 2021
I remember how awkward I felt when I went to Old Trafford many years ago. English people were singing this chant passionately and they all seem to love Jisung Park, but the song itself was very racist to Koreans like me.
— Kun Lee (@GunnyKunLee) October 3, 2021
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЈУЖНА КОРЕЈА ОСТРО ЗБОРИ ЗА ЗАБРАНА НА КУЧЕШКО МЕСО
На крајот од септември претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-Ин дипломатски одговорил за измени во законодавството. Весникот Korean Tribune го цитирал Мун Џе-Ин: „Изгледа дека дојде време мудро и внимателно да се размисли за воведување закон за забрана на кучешко месо во исхраната“.
Властите во Јужна Кореја и претходно направиле чекори за промена на законите. Направена била посебна програма за заштита на животните, а наскоро ќе се воведе систем за задолжителна регистрација на кучињата за да се контролира црниот пазар.
Влијае и личноста претседател кој имал неколку домашни миленици меѓу кои и обичен мешанец.
Повеќето Јужно-корејци биле спремни за реформи по ова прашање. Истражувачката компанија Realmeter објавила дека 59% од населението има позитивен став кон тоа забраната да биде законски уредена. Дури 78% од жителите се против продажба на кучешко месо, а 84% рекле дека не пробале куче и дека не сакаат ни да пробаат во иднина.
Двигател на промените се младите. Новите генерации сметаат дека кучешко месо треба итно да се исфрли од употреба и продажба од неколку причини:
1. Етички противречности. Се повеќе Јужнокорејци чуваат кучиња како домашни миленици и чудно им е што некои тие животни кои се како членови на семејство, би ги употребувале за исхрана.
2. Страшни методи на убивање. Јужнокорејците кои се занимавале со ова, наводно ги претепувале кучињата до смрт, ги беселе па некогаш и живи ги вареле.
3. Според податоците на организацијата Humane Society International, во Јужна Кореја годишно се убивале околу еден милион кучиња. Во 2014-та година во Сеул имало 329 регистрирани официјални ресторани каде можело да се проба специфично месо од куче, а во 2019-та година списокот опаднал на стотина места.
„Во Јужна Кореја кучешко во исхрана не се употребува во толкави количини како што мислат странците. Во Јужна Кореја има мислење дека овие животни се сметаат за лековити, дека загреваат, се користат за тешки настинки.
А оваа храна е прилично скапа, па стравот случајно да не каснете некое кучешко месо е исто како да се плашите дека во руски чебурек наместо јагнешко ќе ви стават јапонски бифеек со црн кавијар“, сликовито објаснува Станислава Варивода, дописник на руски ТАСС од Кореја и додава:
„Притоа дури сега веќе никој не јаде кучешко редовно“.
Се смета дека кучешко месо се користело понекогаш за празници и дека не е вклучено во секојдневно мени.
Постојат многу верзии кога Корејците пробале кучешко месо. Познато е дека оваа храна се користела на територија на современа Кина уште пред 500 години п.н.е. Идејата за кучешко месо не се проширила само кај комшиските земји, туку и дури во Мексико пред илјадници години исто се јадело кучешко месо.
СПОРТСКИТЕ НАСТАНИ ИСТО МНОГУ ВЛИЈАЕЛЕ, ПРЕД ОЛИМПИЈАДА И СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВЛАСТИТЕ ИТНО БАРАЛЕ ДА СЕ ЗАТВОРАТ КУЧЕШКИТЕ ПАЗАРИ, СЕ ПЛАШЕЛЕ ОД РЕАКЦИЈА НА СТРАНЦИТЕ
Кучешко месо како храна не делува шокантно во Кореја туку меѓу Европејците и Американците кои со право го сметаат тоа за варварство. Во Европа и Америка кучето одамна е само домашно животно или уличен пес.
Друг важен елемент е слабата пробивност на корејската кујна. Ако кинеската и јапонската храна одамна се пробиле во западната култура, а јужно-азиските супи се популарни во САД и Русија, корејската компанија Doosan дури неодамна почнала да користи неутрализатори на страшниот мирис на производите увезени во САД.
Се почнало во 1984 година кога властите во Сеул се спремале за Летните Олимписки Игри 1988. Тогаш забраниле било какво мени или знак кој спомнува храна од кучешко месо.
Овие напори се засилиле во 2002 година кога Јужна Кореја беше домаќин на Светското првенство во фудбал заедно со Јапонија. Здруженијата за заштита на животни ја опсипала ФИФА со писма, а организациите дипломатски барале да се регулира прашањето со кучешко месо. Брижит Бардо еднаш рекла: „Културните земји не им дозволуваат на луѓето да јадат кучиња“
Оваа нејзина изјава не останала без одговор. Јужнокорејците, навредени и посрамени, рекле дека во Франција во исто време спокојно се јадат полжави, жаби и други ним чудни деликатеси.
Зимските Олимписки Игри 2018 во Пјонгчанг исто така станале повод за разни апели. Имало петиција со повик за бојкот на Игрите, преку Change.org која собрала дури 450.000 потписи од цел свет, но не сменила ништо.
Расната дискриминација е жален дел од оваа приказна и стигнува и до спортот.
На Олимписките Игри 2002 во Солт Лејт Сити, корејскиот учесник во натпреварите за брзо лизгање бил суспендиран во финалето на кратката патека на 1.500 метри, а американскиот ТВ водител Џеј Лено рекол дека Кореецот може да се налути и да изеде куче. Американските Корејци се жалеле во NBC за расна дискриминација.
Пожарот некако бил изгаснат, но 17 години подоцна, во 2019 Лено одново се потсетил на Корејците и во шоуто „Америка бара талент“ на екран видел кучиња и рекол дека се точки од менито во корејски ресторан.
Претседателот на Јужна Кореја и фудбалерот Парк Џи Сунг се во право - новата генерација Јужнокорејци во иднина веќе нема да користи кучешко месо затоа што мрази и сега таква појава во кујната. Традицијата жестоко е потисната од мегаполисите во Јужна Кореја но во селата и натаму е доминантна.
На крајот, важно е луѓето да се толерантни кон различни мислења, возрасните да го разберат бесот на младите и да не им наметнуваат свое мислење, а поединечни рафали ќе има само за време на големи спортски турнири.
Јужнокорејците не сакаат нивната култура да биде претставена како дивјачка.