Не само што ја прибра, туку и знае да ја води и во сеф ја чува како Иниеста. Коментаторот дополнително и даде шмек на акцијата, а инаку целата забава се случува во Мексико.
Се вика Спот и ќе биде користен за да се идентификуваат безбедносни и инфраструктурни проблеми, вклучително и тунели кои ги копаат крадци на археолошки остатоци. Ова е прв пат на вакво роботче да му се најде примена во заштитата на културното наследство.
Кученцето кое стои пред фонограф е славен заштитен знак и лого на компанијата за производство на плочи RCA Victor. Истото, само како бронзена статуа и со грамофон се дава од страна на дискографската куќа ЕМИ на музичари или продуценти како награда по продадени повеќе од 100.000 плочи. Но приказната зад оригиналната слика е малку позната.
Како што имаат за Роналдо, за Евра, за Рој Кин, за Кантона и Немања Видиќ, така навивачите на Манчестер Јунајтед имаат и една песна посветена на нивниот идол од Кореа, само што е навредлива за цел еден народ и за навивачите на Ливерпул.
За време на фудбалски натпревар од квалификациите за Олимписки Игри за глуви меѓу Украина и Италија прво во 41’ минута на терен влегуваат две интересни кучиња а во 59’ минута од нигде никаде на теренот ете ти го и неговото височество - коњот.
Се загревал со играчите и веројатно разочаран што не го ставил тренерот во прв состав, влезе во игра уште во 2 минута за да ги покаже своите фудбалски квалитети. Едвај му ја земаа.
Депортиво Сан Мигуел поведе против Реал Сарагоса со 1:0 по одлично изведен центар шут надополнет со убиствен голгетерски инстинкт. Aко се фраери во Чиле ќе го признаат и ќе пишат во записник дека го дал куче. Единствени ќе бидат, бидејќи ова не се повторува ни по 100 години.
После 21 одиграно коло во Швајцарија, Цирих е трет со 3 бода зад вториот Базел. Викендов ремизираа со Сион 1-1, а дуелот накратко го прекина домашниот миленик швајцарски овчар на претседателот на Цирих Ансило Канепа, кој морал да се симнува од ложа да го враќа.
На мечот меѓу Стронгест и Насионал де Потоси (3:0) во фудбалското првенство на Боливија, 3-минутно шоу имаше едно куче кое се заигра со копачка пред да го извади од терен еден фудбалер на домаќините.
Се сеќавате ли на драмата од полуфиналето на СП 2006 меѓу Италија и Германија која ја решиja Гросо и Дел Пјеро во 119-та и 121-ва минута? Каков финиш беше тоа, на г`з да паднеш.
Па да, можеби не разбира некои дриблинзи, не му се јасни движењата, ама за него важи онаа народната „топка проаѓа, човек не“. Оди дрибни го да те видам.
Кокерот Флаш го спомнавме кога пишувавме за подзаборавената биографија на Вирџинија Вулф на ова куче. Она што не го знаевме е случајот со неговото грабнување, кој направил неговата сопственичка - позната викторијанска поетеса - да го отфрли татковскиот авторитет и да се омажи со својата тајна љубов.
Како секој човек кој некогаш чувал домашно милениче кое починало или се изгубило, така и Жозе Мурињо добро знае колку тоа може да биде болно. А го чувал 10 години, го носел до Португалија и назад, како член од семејство.
Интервенцијата на годината ја нема Де Хеа, Тер Штеген или Донарума, туку најверното другарче на овој голман во третата аргентинска лига. Она кое секогаш гледа да го заштити газдата, па дури и кога ќе се изглупира со дегажирање.
Флаш е кокер шпаниел кој ѝ припаѓал на позната викторијанска поетеса. Вулф го искористила миленичето за да напише дело на кое самата не била горда, и кое денес е подзаборавено, но кое е визионерско за времето во кое настанало.
Мечот меѓу Унион Санта Фе и Гимназија Ла Плата во аргентинската Супер лига беше накратко прекинат откако едно куче реши да се испружи на теренот. Како и од каде влегло би требало да знаат редарите.
Карлос Јара Сагиер е тренер од Парагвај чие име не ви е познато, ама затоа е најпознат неговиот помошник тренер. Никој нема таков, он е единствен. Зошто? Затоа што не се работи за човек, а така се однесува.