Таг: куче

Kучето вработено во музеј

Не е сиже на лектира за второ, ниту наслов на цртан филм. Вистинско куче, и тоа ловечко, e исто така вистински музејски работник. Со специфична задача.

Фудбалерот на Нотингем Форест доби куче

Откако жена му му поставила услов да направи хет-трик сезонава ако сака да чува куче дома, американскиот бек од Нотингем, Ерик Лихај сензационално со два гола го елиминираше Арсенал од ФА Купот, па тоа беше доволно да го вдоми малиот ’Ганер’.

Го елиминираше Арсенал од Купот и бара жена му да му купи куче

Арсенал синоќа загуби од Нотингем Форест (4:2) - тоа е 14-та екипа од чемпионшип која што не победила веќе 5 кола по ред и од 15 можни бодови освоила само 2.

Куче го прекина мечот Сан Лоренцо - Арсенал Саранди

Маркос Сенеси го постигна единствениот гол во триумфот на Сан Лоренцо над Саранди со 1-0, но славата му ја зема едно мало интересно куче кое после мечот даваше интервју.

Нека, не сметате, терајте си

Не знаеш на кого му е појако на музичарите што мислат дека публиката паѓа во транс по нив, или на песов што од нигде никаде доби аплауз од цел аудиториум. Него сериозно, не се устручавајте, продолжете...

Бирајте зборови, барем пред кучиња

Кучињата не ја разбираат само интонација на она што им се зборува туку и содржината на кажаното. Тоа што некогаш ќе се посере кај што не треба е колку да ви покаже колку го цени вашето мислење. 

Куче што лае, трча по терен

На мечот Депортиво Такира - УНАМ Пумас во Копа Либертадорес (Јужноамериканската Лига на шампиони), синоќа наградата за играч на натпреварот ја доби едно убаво куче кое на кратко го прекина натпреварот.

Запознај го Роналдог

Со оглед на фудбалските квалитети кои ги поседува, кучево од газдите добило прекар Роналдог демек по Роналдо, а тоа што го прави со топка не е вообичано за кучиња.

Скриената камера со Џенаро Гатузо

Човекот што работи на паркинг најпрвин ќе му каже дека Џенаро му е најголем идол и поради тоа своето куче го нарекол како него, затоа што биле исти на теренот. Тука започнува сè, а набрзо следува кулминацијата. Во целата приказна свесно е вклучен и Кристијан Броки тогашен соиграч на Рино од Милан, а излегуваат и комшии кои се бунат на бучавата и борци за правата на животните.

Патувавме, патувавме, еднаш со... пес

Терон Хамфри е фотограф, Меди е кучето што тој го има спасено од улица, кои потоа му станува и инспирација за проектот 'Maddie on Things'. Терон и Меди тргаат на патување низ САД, и сето ова време Терон фотографира.

Една е мајка

А на мајка ниту и е гајле колкав е тој што те закача, ниту што е, ниту кој е со него. Па дури и мајката да е мачка.

Како кучето мое нигде нема друго

Играта „да не падне на земја“ е омилена меѓу сите генерации и се игра на сите игралишта, но чудно е кога ја игра куче и тоа одлично.

Кучето, најдобриот пријател на рибата?

Дали да го гледаш за тоа што не е свесно колку не знае, или колку е упорно за да и помогне на друга душа, или затоа што инстинктот за помош му е посилен отколку инстинктот за прејадување.

Израмнувањето на Португалија од кучешки аспект

Фудбалерите на Португалија се спасија од пораз против САД во 95 минута кога израмнија на 2:2, а целата акција со многу емоции ја проследи лабрадор и навивач на Португалците кој не трепна.

Новиот непријател на Анима Мунди

Аргентински фудбалер од нисколигашот Бела Виста кој се обиде да отстрани куче од теренот на гостувањето кај Сан Хуан, стана новиот најомразен лик на здруженијата за заштита на животни.

Домашниот миленик кој носи сезонски билет

Велат кучето е најдобриот ваш пријател, но сте се запрашале ли зошто е тоа така? Најоргиналниот и најинтересниот начин за да го докаже тоа е овој пример во Англија кој важи само за големите фанатици на фудбалот.

Френк Лојд Рајт и куќичката за Едвард

Во јуни 1956., човекот кој постхумно го нарекоа „најголем американски архитект на сите времиња", добил необично писмо од 12-годишно момче, со молба тој својата експертиза да ја вложи во проектирање на куќа за неговиот најдобар пријател, Еди.

Парадоксот: Куче

Попрецизно објаснување за куче нема во Британика. Секој што некогаш чувал пес, знае колку сето ова е точно, посебно делот околу тоа колку стварно  те сака.

Шарко - прв стрелец на Евертон

Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс пред почетокот на куп натпреварот против Лејтон Ориент на загревање го испрати и Шарко, кој и покрај тоа што ги докажа своите голгетерски способности, не доби шанса да заигра на натпреварот кој Евертон го доби со 5:0.

Играч на натпреварот: Шарко

Најинтересен момент на здодевното дерби помеѓу Металург и Шкендија беше прекинот заради влегувањето на куче на теренот.