Натпреварот помеѓу Металург и Шкендија требаше да биде дерби со многу борба за втората позиција на табелата, но мечот не само што заврши без голови, туку немаше ниту една сериозна шанса.
Единствен момент кој може да се издвои е прекинот на натпреварот заради кучето кое безгрижно си трчкаше по теренот цели две минути.