таг: шкендија

Во квалификации за Лига Европа, Агим Ибраими со глава удри судија

Очајниот излет на македонскиот клупски фудбал во Европа заврши во сезона на капење. Шкендија по шокантниот пораз од 1-2 од аматерите од Луксембург, денеска во реваншот одигра само 1-1 и испадна од Дуделанж. Тетовци добија три црвени картони од кои два во самиот финиш. Агим Ибраими го чека сериозна казна од УЕФА откако со глава го удри главниот судија од Велс. Повеќе

Мајсторски гол на Розенборг против Шкендија

Ќе речеш Норвежани се, не може да бидат ништо посебно во фудбал, ама сепак се многу понапред од нас. Тоа лани го осети на своја кожа Вардар, а синоќа и Шкендија која загуби со идентични 3:1. Исам Џебали од Тунис го даде најатрактивниот гол на мечот, а можеби и на вечерта во плејоф средбите од ЛЕ. Повеќе

Лесна ждрепка за Шкендија во квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак на денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион го доби велшкиот претставник ТНС а во случај да го помине овој противник ќе игра против победникот од мечот Торпедо Кутаиси (Грузија) - Шериф (Молдавија) во второто коло. Повеќе

800.000 евра загарантирани за Шкендија и 500.000 за Вардар

За УЕФА нема зима. Фондот за ЛШ и ЛЕ изгледа како секоја година да им расте. Следната сезона ќе поделат дури 900 милиони евра повеќе од лани. Ќе тријат раце и четири македонски екипи, кои како и да изиграат летово ќе искешираат добра пара како за нив. Повеќе

Рутински и минимален триумф на Милан во Скопје

Со голот на 19 годишниот Кутроне, фудбалерите на Милан уште еднаш потврдија дека Шкендија нема што да бара во овој двобој кој инаку е последнаа пречка за влез во групната фаза во ЛЕ. Шкендија редеше шанси, но Сторари бранеше безпрекорно. Повеќе

Шкендија потона во Милано

Македонскиот вицешампион е веќе елиминиран во плејофот од Лига Европа. Со новиот Милан нема играчки, броеше до шест и не и остави на Шкендија ниту тронка надеж дека може нешто да направи на реваншот во Скопје. Силва и Монтоливо стрелаа по два пати, Борини и Антонели по еднаш. Повеќе

Ибраими: Шкендија претставува симбол на сите албански територии

Реноминарниот италијански весник Кориере дела Сера во пресрет на утрешниот меч од плејофот во ЛЕ, на интервју го седна Бесарт Ибраими кој го претстави како најголема опасност за Милан. Тој вели дека не се плаши од никој и дека сите Албанци во светот навиваат за Шкендија. Повеќе

Шкендија со фотки и видео го овековечи пристигнувањето во Милано

По елиминацијата на Дачија, Хелсинки и Тракаи, македонскиот вицешампион пристигна во италијанската метропола каде преку седумкратниот европски првак Милан, ќе се обиде да стигне до историски пласман во групната фаза од Лига Европа Повеќе

Глупоштијата од видео на Шкендија пред мечот со Милан

Таман кога почнуваат да ги освојуваат симпатиите на јавноста, кога играат добар фудбал и во Европа втора година стигнуваат дури до плејофот, таман кога имаат неколку врвни репрезентативци, они решаваат да направат видео на ниво на четвртоодделенец. Зошто? Повеќе