Како што и се најавуваше Винченцо Монтела се реши за комбиниран состав на реваншот од плејофот во ЛЕ. Комотните 6:0 на италијанскиот стратег му дозволуваа да експериментира со со четворица играчи од младинскиот тим.
Тоа се Хозе Маури (1996), Мануел Локатели (1998) и Николо Занелато (1998) од среден ред и Патрик Кутроне (1998) кој играше во напад со новото засилување Андре Силва.
Мечот почна со голема мешаница пред голот на Захов кога по 4 минути игра фудбалерите на Шкедија со многу среќа куртулија да не примат гол. Шкендија одговори по само три минути од контра напад, но Марјан Радески биеше непрецизно по земја.
Класата во квалитет дојде до израс веќе во 13-та минута кога 19 годишниот Патрик Кутроне, кој инаку има само два настапи во Серија А, прими една одлична топка во шеснаесетникот, го легна чуварот и го отвори резултат.
Шкендија се обиде да одговори и имаше неколку прилики за гол, но ударите на Алими и Радески не беа доволно опасни. Се играше отворен фудбал и на двете страни, а Милан немаше многу мотиви за да притисне.
Фудбалерите на Шкендија беа желни за гол и се обидуваа од далечина да го изненадат искусниот Марко Сторари кој има 40 години, но ниту Хасани, ниту Ибраими не успеаа во своите обиди.