Работнички, како наш најуспешен евро-претставник го доби Будуќност од Црна Гора. Првиот меч ќе го играат на „Филип Втори Арената“ во Скопје, а реваншот во Подгорица. „Сино-белите“ важат за еден од најтрофејните црногорски клубови кој од година во година игра во квалификациите за европските натпреварувања и колектив кој дал многу репрезентативци на Црна Гора во сите категории. Најпознати фудбалери во историјата на овој клуб се: Дејан Савичевиќ, Предраг Мијатовиќ и Дамир Чакар.
Шкендија, македонскиот вицешампион во првиот дуел ќе ја пречека полска Краковија, позната по исклучително агресивни навивачи кои речиси сигурно ќе допатуваат во Скопје или Тетово (во зависност од тоа каде ќе се игра).
Силекс, едно од пријатните изненадувања сезонава во македонскиот фудбал, заслужено освои место во квалификациите за Лига Европа каде за ривал во првото коло ќе го има Вадуц од Лихтенштајн кој се натпреварува во швајцарската лига.
Првите натпревари се закажани за 30. јуни а реваншите ќе следуваат седум дена подоцна.
Ждрепката за квалификациите за Лига Европа: