Таг: работнички

Четири голмани месечари во мак фудбалот

Спортската среда ја одбележа полуфиналето од ЛШ меѓу ПСЖ и Манчестер Сити 1:2, а паралелно кај нас се играше коло во кое се броеа голмански грешки, вкупнo четири на три меча. Фатени во рацете беа голманите на Пелистер, Академија Пандев, Работнички и Шкендија.

Во Кратово теренот завршува Ѕинго кај што ќе каже

Викендов во нашата сирота прва лига беше циркуз Медрано. Се урла по сомнителни пенали на дури четири натпревари, а еден од нив е мечот Силекс - Работнички 4:3 на кој кратовчани решавачкиот гол во 95-та минута го дадоа како на хокеј.

800.000 евра загарантирани за Шкендија и 500.000 за Вардар

За УЕФА нема зима. Фондот за ЛШ и ЛЕ изгледа како секоја година да им расте. Следната сезона ќе поделат дури 900 милиони евра повеќе од лани. Ќе тријат раце и четири македонски екипи, кои како и да изиграат летово ќе искешираат добра пара како за нив.

Кои се можни противници на македонските клубови во Европа

Граѓаните на Македонија ќе имаат фудбалско лето: Освен У21 хероите и нашите сениори против Шпанија, пред мега дуелот од Супер Купот на Европа во земјава ќе се игра и европски квалификациски фудбал. Тешка задача ги чека Вардар, Шкендија, Работнички и Пелистер.

Работнички доби тежок противник, Шкендија против Полјаци

Романтичарите налетаа на најнезгодниот можен противник во оваа фаза, Тетовци против полска Краковија која има бројни навивачи, а Кратовци ќе одат на екскурзија во Лихтенштајн.

Цепелинот на Мирза и Фрејзер на МЗТ - Работнички

Јане крцат, Бојси грмат од гостинскиот сектор, а Фамилијата од својот коп поведува песна која што ја прифаќа цела сала. Во еден момент Мирза му фрла цепелин на Фрејзер за ерупција во „лименката“. Скопје има(ше) градско кошаркарско дерби какво што ретко кој главен град во Европа има.

Судиска лакрдија во Кратово

Играа Силекс и Работнички, реванш натпревар од Купот на Македонија, а средбата ја одбележи комичниот момент кога судијата Фатон Мустафи досуди пенал за Кратовци. Тргна кон тој што го направи фаулот, но кога се сетил дека тој веќе има еден картон, му даде жолт на сосема трет играч.

Шкендија ќе патува во Шкотска, а Работнички во Естонија

По ждребот за ЛШ, во Нион беа извлечени и двојките за квалификациите во Лига Европа каде Македонија има три претставници.

Горан Геровски: Некој не му мисли добро на Работнички

Претседателот на тимот од „Градски парк“ за Офф.нет.мк вели дека во записникот на судијата и делегатот има изменети факти и неправилности, а со денешната изјава на Огнен Дедиќ се влијае врз арбитражната комисија која најдоцна утре треба да ја донесе одлуката за иднината на Работнички.

Фемили Аеродром и Сити Парк Бојс го обоија Скопје

Сјајот на големото градско дерби кое ќе го гледаме годинава во македонската кошарка, го најавија двете навивачки групи кои деновиве се натпреваруваат кој ќе направи повпечатлив графит. Навивачите на МЗТ ја потенцираа препознатливата боја на клубот, а оние на Работнички се инспирираа од скеч на К-15.

МЗТ Скопје оствари шампионски хет-трик

Владетелот во македонската кошарка во последните години, ја доби меч топката против Работнички и со третиот триумф во финалната серија, успеа да ја одбрани шампионската титула во домашното првенство, вкупно трета во нивната историја.

МЗТ на чекор до титула

Кошаркарите на МЗТ Скопје бргу се созедоа од шокот по поразот на вториот и го декласираа Работнички со што поведоа со 2:1 и се најдоа на една победа до трета шампионска титула во серија.

Работнички го возврати ударот во финалето

Во доста подраматичен и неизвесен меч, кошаркарите на Работнички успеаа да го совладаат тимот на МЗТ Скопје и да израмнат на 1:1, со што ја направија понеизвесна и поинтересна финалната серија од македонското кошаркарско првенство.

МЗТ триумфално ја отвори финалната серија

Првата пресметка од плејофот помеѓу големите градски ривали во салата „Борис Трајковски" им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје кои славеа убедливо против тимот на Работнички и поведоа со 1:0.

Куп трофејот во рацете на Работнички

Лидерот на табелата во македонскиот фудбалски шампионат е новиот освојувач во Купот на Македонија. Романтичарите кои во поголемиот дел од натпреварот беа со играч повеќе славеа на арената „Филип Втори“ против Металург со 2:0.

Дербито во Купот му припадна на Фени

Кошаркарите на Фени Индустри предводени од маестраелниот Трајковски беа подобар противник речиси во текот на целиот меч и заслужено славеа над тимот од Градски парк со 93:89. Во полуфиналето кавадарчани ќе се сретнат со МЗТ Скопје.

УЕФА го суспендира Работнички

И покрај тоа што пред само два дена некој се обиде да ја пласира информацијата дека УЕФА ќе му прогледа низ прсти на Работнички, тоа се покажа како невистина. ФК Работнички сепак заработи суспензија од европските натпреварувања.

Купот добива нов сопственик

Македонскиот кошаркарски куп ќе добие нов сопственик откако актуелниот освојувач, екипата на Работнички загуби во четвртфиналето од Торус СЦБТ. Втор полуфиналист е МЗТ кој беше поуспешен од Вардар.