Дербито на вториот четвртфинален дуел почна во знакот на екипата на Работнички која имаше предност од 9:3, а потоа и од 12:7. На крајот од првата четвртина условно кажано домаќините водеа со 28:23.
На стартот од втората четвртина иако тимот од Градски парк имаше предност од 7 поени разлика, сепак во продолжението од мечот се играше понеизвесна кошарка.
Првата предност на Кавадарчани се случи на минута до крајот кога успеаа да направат целосен пресврт и на пауза да заминат со предност од 50:44.
Кошаркарите н Фени ја одржуваа предноста во текот на целата трета четвртина освен во еден момент кога резултатот беше 53:53. Сепак на крајот повторно ја вратија предноста и водеа со 74:67.
Предноста на Кавадарчани постојано растеше во последната четвртина и на 6 минути до крајот изнесуваше +14. Но сепак неизвесноста на мечот се врати на минута и 20 секунди до крајот, кога Трајковски со тројка ја запали публиката, а резултатот 89:85. Работнички немаше сили за пресврт и загуби со 93:89.
Најзаслужен за триумфот на Фени беше Трајковски кој блесна со 37 коша и 5 асистенции, а одличен беше и Вучуровиќ кој уфрли 25 поени. Кај Работнички најпрецизен беше Зивчевиќ со 24 коша и Абукар со 17.