Таг: кошаркарски куп на македонија

Остај ти Џибони, ние Куп имаме за славење

Интересно беше синоќа околу полноќ пред салата Јане Сандански. Додека внатре одеа хитовите на балканската ѕвезда Џибони, надвор Фемили Аеродром се спремаа за пречек на кошаркарите на МЗТ Скопје, кои во Битола го совладаа Пелистер и го освоија Куп трофејот број 12.

Работнички го освои деветиот пехар од Купот

По 2011. година, екипата од Градски парк повторно го врати трофејот во своите витрини. Во финалето од 23. издание на Купот, во „Јане Сандански“ Работнички го совлада Кожув 74:66.

Лактот на Гечевски

Работнички вчера убедливо го порази Куманово за пласман во финалето од македонскиот куп. Поранешниот репрезентативец, Тодор Гечевски постигна 16 поени, а имаше и девет скока, но во еден момент од првата четвртина направи неспортски потег врз Александар Штерјов, откако центарот на Куманово прв го удри.

Тимот од Градски парк преку Куманово до 13. куп финале

Кошаркарите на Работнички ќе играат против Кожув во финалето на македонскиот кошаркарски куп, откако вечерва со 76:63 го совладаа Куманово. За центарци тоа ќе биде шанса за осми трофеј од Купот во историјата, а Гевгеличани ќе играат за првиот пехар.

Аеродром занеме, Кожув го елиминираше МЗТ од Купот

Кошаркарите на Кожув направија големо изненадување на почетокот од 23. издание на Купот на Македонија, откако вечерва го совладаа МЗТ во Скопје 75:74 со тројката на Пековиќ во последната секунда.

Македонскиот Куп по седми пат за МЗТ

Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје ја совладаа екипата на Лирија во финалето од Купот на Македонија и ја освоија третата титула во серија.

МЗТ повторно го зграпчи пехарот во Купот

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, тимот на МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога во четиридневната кошаркарска претстава и со победа против Куманово од 79:71 ја одбрани титулата во Македонскиот кошаркарски Куп.

Куманово со трилер завршница до финале против МЗТ

Екипата на Кожув која беше во водство по првите три четвртини и во еден момент имаше предност и од 19 поени разлика, во драматични 5 минути го загуби мечот. Куманово се пласираше во финалето на Македонскиот кошаркарски Куп каде ќе се сретне со бранителот на титулата, тимот на МЗТ Скопје.

Куманово го доби маратонското четвртфинале

Во сенка на инцидентите, долгиот прекин и празнењето на салата заради националистичките скандирања на навивачките групи, по 3 часа и 45 минути, екипата на Куманово ја победи Лирија на последниот четвртфинален дуел од кошаркарскиот Куп на Македонија.

Дербито во Купот му припадна на Фени

Кошаркарите на Фени Индустри предводени од маестраелниот Трајковски беа подобар противник речиси во текот на целиот меч и заслужено славеа над тимот од Градски парк со 93:89. Во полуфиналето кавадарчани ќе се сретнат со МЗТ Скопје.

МЗТ ја прегази Струмица

Актуелниот освојувач на македонскиот кошаркарскиот Куп ја растури екипата на Струмица со 98:51 во првиот четвртфинален натпревар од 21-то издание на ова натпреварување.

Металците во одбрана на титулата во Купот

Со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Струмица, денеска со почеток во 18 часот стартува 21 издание на Македонскиот кошаркарски Куп. Дербито помеѓу Работнички и Фени Индустри е вториот четвртфинален дуел кој ќе стартува во 20:45 часот.

Навивачите на МЗТ не се навикнати на пехари

Славјето на навивачите на МЗТ Скопје по освојувањето на кошаркарскиот Куп на Македонија беше огромно. Тие 12 години му се немаат радувано на ваков трофеј, па најверојатно заборавиле како се ракува со пехари. Желбата да се подигне пехарот беше преголема, па во целата еуфоријата настрада едната рачка.

МЗТ и Фемили Аеродром конечно слават (ФОТО)

Навивачката група Лозари од Кавадарци им даде солидна поддршка на своите кошаркари, но тие беа немоќни против аеродромци кои триумфираа на паркетот и на трибините.

Аеродром слави трофеј по пауза од 12 години

Кошаркарите на МЗТ конечно им приредија големо славје на своите навивачи. Во финалето од кошаркарскиот Куп на Македонија, МЗТ Скопје го совлада Фени Индустри со 84:66 и по пауза од 12 години аеродромци се израдуваа на трофеј.

 

Фени против МЗТ во финалето на купот

Вториот патник во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија е екипата на Фени Индустрија која во полуфиналето ја совлада Лирија со 61:79.

МЗТ преку Торус до финалето

Екипата на МЗТ Скопје е првиот финалист на кошаркарскиот Куп на Македонија откако во полуфиналето го совлада домаќинот на турнирот, екипата на Торус СЦБТ.

Фени и Лирија за финалето

Познати се и последните полуфиналисти од кошаркарскиот Куп на Македонија. Фени Индустри немаше проблеми со Кожуф, а по драматична завршница Лирија ја совлада екипата на Куманово.

Купот добива нов сопственик

Македонскиот кошаркарски куп ќе добие нов сопственик откако актуелниот освојувач, екипата на Работнички загуби во четвртфиналето од Торус СЦБТ. Втор полуфиналист е МЗТ кој беше поуспешен од Вардар.

Гратиси за кошаркарскиот Куп на Македонија

Off.net.mk и Offside во соработка со КК Торус СЦБТ, доделува карти за финалето на Купот.

Работнички не го дава лесно трофејот

Во пресрет на Купот на Македонија кој од четврток до недела ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски", денес се одржа прес-конференција на која присуствуваа тренерите на екипите учесници.