По трофеите од 2012-та и 2013-та, МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во македонската кошарка со освојувањето на својот седми пехар во 22-то издание на Купот на Македонија.
Кошаркарите на МЗТ имаа контрола на паркетот уште од самиот почеток и до полувремето веќе стигнаа до двоцифрена предност (42:30).
По пет минути игра во вториот дел МЗТ стигна и до 20 поени предност (56:36), но кошаркарите на Лирија пред крајот од натпреварот успеаа да ја намалат негативата за враќање на неизвесноста.
Сепак МЗТ не ја прокоцка предноста и на крајот триумфираше со конечни 76:73.
Маринковиќ со 16 поени и 12 скокови, Чековски со 13 поени и Дејвис со 11 поени беа најдобри поединци кај МЗТ, а најефикасен кошаркар на натпреварот бепе Јелесиевиќ од Лирија со 17 поени.