Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа целосна доминација против Струмица уште на самиот старт од натпреварот и веќе по првиот период водеа со 27:15, а на полувремето заминаа со предност од 46:27.
И во второто полувреме струмичани немаа одговор за нападите на МЗТ, а македонскиот шампион рутинирано ја зголемуваше предноста и на крајот прослави огромна победа од 98:51.
Најдобри во редовите на МЗТ беа Гечевски кој имаше учинок од 15 поени и 10 скокови, како и Дамјан Стојановски кој постигна 14 поени. Најефикасни во поразениот тим беа Арсиќ со 15 и Јевдиќ со 14 поени.