Аеродром слави трофеј по пауза од 12 години

Кошаркарите на МЗТ конечно им приредија големо славје на своите навивачи. Во финалето од кошаркарскиот Куп на Македонија, МЗТ Скопје го совлада Фени Индустри со 84:66 и по пауза од 12 години аеродромци се израдуваа на трофеј.

 

Првата четвртина протече со брза и израмнета игра, а екипата на МЗТ со мини серија во последните две минути успеа да направи предност од 8 поени за 26:18.

Кошаркарите на МЗТ продолжија да ја зголемуваат предноста и во втората четвртина за на полувремето да заминат со водство од 46:34. Во првото полувреме се истакнаа Далман со 12 и Чековски со 11 поени, а кај Фени најрасположен беше Фрај со 14 поени.

Аеродромци рутинирано ја зголемуваа преноста и во третата четвртина по која резултатот гласеше 67:48, но на стартот од последниот период Фени направи серија и намали на 69:58.

Сепак МЗТ не им дозволи на кошаркарите на Фени да направат подвиг и на крајот славеа со 84:66.

Најдобри во редовите на МЗТ беа Ѓорѓи Чековски со 22 и Игор Мијаиловиќ со 18 поени, а под кошевите царуваше Тодор Гечевски кој освен 13 поени оствари и 15 скокови. Најефикасен кај Фени беше Џарид Фрај со 18 поени.

Искусниот Гечевски беше прогласен и за МВП на финалето.

Славјето на навивачите беше толку големо што настрада и пехарот.

Фото галерија од атмосферата на трибините и големото славје.