Трофејот од минатгодишниот куп му беше врачен на тренерот на КК Работнички, Марјан Лазовски, а предводникот на актуелниот освојувач порача дека тие нема лесно да се откажат од него и покрај лошата ситуација во која се наоѓа клубот.
„Трофејот моментално е во наша сопственост и сигурно нема лесно да го дадеме. Без оглед на ситуацијата во која се наоѓа Работнички, ние сме максимално мотивирани и веруваме во успех. Сите осум екипи се навистина сериозни и знаеме дека ќе биде тешко. Имаме чест да го отвориме овој турнир со дуелот против домаќинот Торус СЦБТ. Наше е да дадеме се од себе и да се бориме до самиот крај", изјави Лазовски
Кошаркарскиот Куп на Македонија, кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски", почнува во четврток со натпреварот помеѓу Торус СЦБТ и Работнички во 17.00 часот. Истиот ден се игра и натпреварот помеѓу Вардар и МЗТ Скопје Аеродром, додека за петок се закажани останатите два четвртфинални дуели помеѓу Фени Индустри и Кожув, односно Лирија и Куманово.