Единствениот македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, немаше многу среќа на извлекувањето. За противник го доби АПОЕЛ од Кипар, тим со искуство во Европа кој има стигнато до осминафиналето од Лигата на шампионите.
Првиот натпревар се игра на Кипар на 14 или 15 јули, а реваншот на арената Филип Втори ќе се одигра на 21 или 22 јули.
Останатите можни противници на Вардар беа Марибор (Словенија), Макати Тел Авив (Израел), Лех Познан (Полска) и Карабах (Азербејџан)
Од групата 1 каде беа црвено-црните останатите двојки се Марибор - Астана, Хибернианс - Макаби Тел Авив, Карабах - Рудар и Сараево - Лех Познан.