14 години од лацијалската еуфорија на Градски

Во Скопје имаат гостувано многу големи екипи, како Реал Мадрид од Шпанија, Ливерпул и Манчестер Јунајтед од Англија, Рома и Милан од Италија. Еднаш беше и Лацио, а домаќин му беше Работнички.

Се работи за последното квалификациско коло за пласман во групната фаза меѓу Работнички и Лацио, кое се одигра на 25 август 2011-та.

За жал со многу малку публика, поради тоа што една недела претходно македонскиот претставник помина многу лошо во Рим со пораз од 6:0.

Тренерот на гостинскиот тим Еди Реја, сепак допатува со Томазо Роки, Хернанес, Ледезма, Маури, Лулиќ..., а капитен Скалони, кој 11 години подоцна ќе го покори светот како селектор на Аргентина.

Горан Петревски на голот го имаше Столе Димитриевски, во одбрана Панче Кумбев, во среден ред Вујчиќ, во напад Крсте Велковски...

Публика малку, но еуфорија многу, затоа што во еден сектор од Северната трибина беа собрани околу 60-70 навивачи на Лацио од Македонија, кои за прв пат имаа можност да го гледаат својот тим на Градски.

На Исток беа Римјаните, како и навивачи на Лацио од нашиот регион.

Конечниот резултат 1:3. Стрелци два пати Роки и еднаш Хернанес. За Работнички погоди Лазаревски.

25 август 2025 - 14:14