Иако влезот беше слободен, 23 издание од македонскиот куп се одигра пред речиси празни трибини и без никаква навивачка атмосфера. Во 32 минута од мечот црвен картон доби Пеев и тоа беше дополнителен проблем за Металруг кој беше во сенка на овој меч.
По првите здодевни 45 минути без сериозни шанси, Вујовиќ во судиското продолжение играше со рака во својот шеснаесетник, а од белата точка за 1:0 реализираше Маневски. Фудбалерите на Металург се обидуваа во вториот дел да стигнат до израмнување, но не создадоа зрели шанси за гол.
Највозбудливите моменти се случија во последните моменти од мечот, најпрвин во 87 година кога од контра напад Марковски пропушти 100% шанса за да го зголеми водството, а по само три минути и Сулејманов пропушти чиста прилика за гол..
Третиот контра напад Романтичарите успеаа да го искористат преку Петров во 92 минута кој стави точка на мечот за големо славје на тимот од дебар маало кој стигна до третата титула во Купот на македонија.
Најтрофеен клуб во ова натпреварување е тимот на Вардар со пет освоени пехари, а на втората позиција Работнички се израмни со тимот на Слога Југомагнат кои имаат по три во своите витрини. Минатата година Купот отиде во рацете на Тетекс.