Шкендија од Тетово го доби еден од најтешките противници во првото квалификациско коло за Лигата на Европа. Тоа е реномираниот шкотски противник Абердин кој минатата сезона заврши на втората позиција во домашното првенство зад Селтик.
За Ренова работите можеа да бидат уште потешки затоа што во игра беше Вест Хем од Англија, но вториот тетовски претставник ќе има двобој меч против Дачиа од Молдавија.
На фудбалерите на Работнички кои беа носители на ждрепката им се падна Флора Талин од Естонија.
Првите натпревари ќе се одиграат на 2. јули, а реваншите се закажани за 9. јули.