Едгар Давидс, Џенаро Гатузо, Серхио Рамос, Пепе...Сите овие се нула за Илија Донов од Силекс, кој на играч на Вардар му влезе со две нозе, но ја промаши и топката и нозете. Многу лошо. Малку е црвен за ваква малоумност.
Далдисани во Лига на шампиони неделава и во ред други спортски збиднувања кои не може да ги пофати човек, сме ја испуштиле потенцијалната одбрана на сезоната во македонската прва лига. Махерот е Љупче Џеков од Силекс кој има само 19 години, кој изведе брилијантна одбрана на гостувањето против Шкупи кое го добија со 0:2. Инаку кратовчани одлично возат за сега и се први на табела под водство на Александар Васоски.
Налетавме рандом снимка од Африка на која некој локален насилник растура фудбалски натпревар и плус не пази како вози. Нè потсети на една случка од мак фудбалот.
Велешта денеска требаше да го пречека Силекс во рамките на втората лига. Ама требаше, исто како што требаше пред неколку дена. Два пати го одложуваат мечот поради немање услови за игра. Мизерни се. Нас стално снегот не изненадува во декември, а не знаеме ни трева да садиме.
Македонската репрезентација да ја гледаш и да уживаш, македонската лига НЕ. Ако некој странски медиум реши да прави сторија за дебитантот на ЕП 2020, нека ни го рипне домашното првенство. Тој дел не ни е за во јавност.
Додека комичниот момент од мечот Македонија Ѓорче Петров - Академија Пандев вирално се коментира и споделува, свое право на медиумски простор побара и еден момент од мечот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија. Царот се збуни од претходно нацртана аут линија па тргна да изведува од таму.
Што се вика уште не почнати, незагреани и се разбира без грешка на терен, бидејќи од мечот Силекс - Академија Пандев беа поминати само 30 секунди, некој веќе само тој знае како и зошто беше инспириран да го украси преносот на МТВ со збор кој ќе го чуете на крајот на видеото.
Силекс - Ренова, 3 март 2019. Натпревар од македонската прва лига. Добро е да напише бидејќи некој може, односно сигурно ќе помисли дека ова е селски фудбал, а не прволигашки.
Додека уживате во страшно атрактивната голеада од Лигата на шампиони, да пренесеме малку фудбалски амбиент и од кај нас, каде од кров на куќа може да се гледа фудбал. Силекс го елиминираше Скопје во осминафиналето од македонскиот куп, а голманот на Кратовчани, Благојче Иванов го отвори резултатот уште во 3-та минута откако за малку и ќе ја погодеше топката.
Романтичарите налетаа на најнезгодниот можен противник во оваа фаза, Тетовци против полска Краковија која има бројни навивачи, а Кратовци ќе одат на екскурзија во Лихтенштајн.
Вардар, Шкендија, Работнички и Силекс се клубовите кои ќе ја претставуваат Македонија во Европа, а своите противници ќе ги добијат на 20-ти јуни. Привилегирани на ждрепката се само Романтичарите.
Македонски фудбал, прва лига. Датум: 10 април 2016-та. Локација: Кратово. Фудбалерите на Силекс го победија лидерот на табелата Вардар со 3:2, но тоа што изненадија со резултатот не е толку интересно колку што изненадија со начинот на славјето кое не е видено до сега во Македонија, освен на улица.