А како да има услови, кога на видеото кое го објави Спортскамрежа се гледа дека теренот на македонскиот второлигаш се состои од малку снег, повеќе мраз и многу кал, а трева ич.
12 секунди се скроз доволни за да сфатите дека ова не личи на фудбалско игралиште, туку на ораница со тазе траги од трактори.
Па овде еребици не слетуваат, а не па фудбалери да трчаат и да се убијат со тоа крампоните.
И кај Србите на пример има разно разни примери кои влегуваат во рубриката „Селски фудбал“ или „Seoski“ како што се вика славната Фејсбук страна, ама таму има други разлики.
Чукарички утре го пречекува Раднички 1923, а фудбалерите и стручниот штаб не се дома на топло, туку на Баново брдо за да чистат еден снег и тоа купишта.
Втората разлика е што под снегот има зелена подлога, а не кафена како во Струга. Инаку им помага и тренерот Саша Илиќ кој нема проблем да се фати за лопата, без разлика што го носеше дресот на Партизан, Селта, Галатасарај, Салцбург.
Дечките се спремаат за утре, не чекаат да огрее сонце.
Инаку кога сме на тема снег, налетавме и на една ваква фотографија.