Интересно токму една од најинтригантните групи во ЛШ е онаа кај што се Аталанта и Виљареал. И двете екипи имаат сериозни шанси да влезат во плејофот во следна рунда.
Италијанците заостануваат само 1 бод (6 има Аталанта, 7 Виљареал) и во случај на победа тимот од Бергамо оди сигурно понатаму заедно со Манчестер Јунајтед. Во случај на нерешен исход или победа на „жолтата подморница“ во топ 16 ќе оди шпанскиот состав.
Вака заснежен Бергамо, велат Италијанците, не бил одамна:
Мечот Аталанта - Виљареал е одложен за четврток од 19 часот кога ќе се реши патникот во следна фаза.