Давид Де Хеа од Кратово

Далдисани во Лига на шампиони неделава и во ред други спортски збиднувања кои не може да ги пофати човек, сме ја испуштиле потенцијалната одбрана на сезоната во македонската прва лига. Махерот е Љупче Џеков од Силекс кој има само 19 години, кој изведе брилијантна одбрана на гостувањето против Шкупи кое го добија со 0:2. Инаку кратовчани одлично возат за сега и се први на табела под водство на Александар Васоски.

28 ноември 2024 - 14:58